10 најскапи автомобили за 2012
Прегледано: 3011 | Oбјавено на: 12.12.2012
10. Porsche 918 Spyder - Со V8 мотор, кој “испумпува” 500 “коњи”, како и електро мотор со 218 КС, Германците тврдат дека овој супер автомобил, од место до 100 km/h забрзува за 3.1 секунди. Цена: 845.000 евра.
 
9. SSC Tuatara - Автомобилот е придвижуван од 7.0-литарски V8 со 1.350 КС. Забрзувањето до 100-ка трае само 2.8 секунди, а максималната брзина (не е официјално потврдена) изнесува 442 km/h. Цена: 970.000 евра.
 
8. Hennessey Venom GT - оваа “отровница” под капакот има 6.2-литарски V8 со 1.200 КС. Цена: 1.000.000 евра.
 
7. Pagani Huayra - Вториот хипер автомобил на Pagani, по Zonda, е придвижуван од V12 мотор на AMG (тјунерската куќа на Mercedes-Benz) кој има 700 КС. Максималната брзина изнесува 370 km/h. Цена: 1.300.000 евра.
 
6. Maybach Landaulet - Со V12 моторот кој продуцира 543 КС, Maybach Landaulet се разликува од стандардниот по преградата помеѓу возачот и патникот, како и подвижниот кров. Цена: 1.400.000 евра.
 
5. Aston Martin One-77 - Произведени се само 77 примероци, овој Британец е првиот автомобил во историјата чија шасија е изработена целосно од карбонски влакна. Под хаубата “живее” 7.3-литарски V12 мотор со 750 “коњи”, додека потпирањето е исто како она во F1 болидите. Цена: 1.400.000 евра.
 
4. Koenigsegg Agera R - Мотор со зафатнина од 5.0-литри и V8 конфигурација, има закачено два турбо полначи на него, за 1.115 КС. Забрзувањето од 0-300 km/h трае само нешто повеќе од 17 секунди. Цена: 1.700.000 евра.
 
3. Zenvo ST1 - 7.0-литарскиот V8 мотор со турбо генерира 1.250 КС. Со купување на овој автомобил, купувачот добива подарок – рачен часовник од 50.000 евра. Цена: 1.800.000 евра
 
2. Ferrari 599XX - Овој автомобил е произведен во екстремно мал број примероци. За силата се грижи V12 мотор со 700 КС, кој го забрзува автомобилот до 100 km/h za 2.9 секунди. Цена: 2.000.000 евра
 
1. Bugatti Veyron SuperSport - Овој неповторлив автомобил е придвижуван од 8.0-литарски W16 мотор со четири турбо полначи, а развива 1.200 КС, кои се доволни за максимална брзина од 431 km/h. Разликата со Koenigsegg Agera R и SSC Tuatara е што оваа максимална брзина е всушност официјално потврдена. Цена: 2.600.000 евра
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations