ФОЛТИН и Летечки Пекинезери со Новогодишни концерти во Скопје
Прегледано: 4207 | Oбјавено на: 18.12.2014
На 31-ви декември, во 22 часот, во City Hall Center, во Скопје, ќе се одржат новогодишни концерти на Фолтин и Летечки Пекинезери.

Последната журка оваа година ќе започне со настапот на најпопуларниот скопски џез свинг состав, а ќе кулминира со настапот на еден од најзначајните македонски бендови на последниве две децении - ФОЛТИН! Ноќта ќе ја заврши скопскиот диџеј В.Л.Адо!

Влезниците во предпродажба ќе бидат достапни во сите продажни места на Купикартизасе по цена од 650 денари до 22ри декември, а потоа по цена од 800 денари! Главни пијалоци на вечерта ќе бидат Dewar's и Eristoff. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations