Интервју на Лејди Гага за нејзиниот стил на облекување
Прегледано: 3266 | Oбјавено на: 16.08.2012
Без разлика дали Лејди Гага ќе биде видена во маркет, на интервју или пак на настап, мора да се признае дека во однос на нејзиниот стил како да ужива да оди во крајност.

За некои многу невкусно, за некои многу храбро. Вака или така таа сепак успеа да стане модна икона. Се чини како јавноста веќе да не се изненадува кога ќе ја види во фустан од најлон, рециклирана хартија, или пак лименки Кока-Кола. Сето тоа е нормално кога станува збор за оваа музичка ѕвезда.
 
„Не одрекувам дека во мојот начин на облекување често ја истакнувам голотијата. Едноставно го сакам човечкото тело такво како што е, непрекриено“.- вели таа.

Во спотот за песната  „You and I“ таа носеше рачно изработен фустан од  Hussein Chalayan, кој беше и помаку од минималистички. Наскоро за снимањето на овој спот ќе биде снимен краток филм кој ќе биде изработен во соработка со фотографите  Inez van Lamsweerde и Vinoodh Matadin, а кој во основа ќе ја носи темата „Соблекувањето на Лејди Гага“. 

„Ни најмалку не мислам дека изгледам неприродно“ - објаснува таа.
„Мислам дека мојот стил го претставува футуристичкиот начин на облекување на многу жени. Сепак она што јас го облекувам е она во кое се пронаоѓам себеси. Јас лично не преферирам обичен изглед, тоа ми изгледа депресивно, а да не зборувам дека во стандардната облека се чувствувам толку стегнато и непријатно“.
 
Во умот на Гага, „да се облечеш“ значи "дали она што ќе го ставиш на себе те претставува тебе и твојот карактер"- вели таа.
Па, следејќи ги нејзините модни парчиња, дури и ние би се запрашале: „Ако тоа што го облекува го претставува нејзиниот карактер, тогаш сигурно се работи за многу хаотична личност“.
 
„Сметам дека делува многу монотоно кога луѓето однапред да знаат што да очекуваат од тебе. Но, кога постојано ги изненадуваш веќе наредниот пат со нетрпение очекуваат да видат нешто уште поекстрeмно“.

Во продолжение можете да погледнете само мал дел креациите на Гага.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations