Тарантино шекна на интервју!
Прегледано: 3253 | Oбјавено на: 30.01.2013
Квентин Тарантино, во пресрет на лондонската премиера на неговиот последен филм “Џанго без окови”, гостуваше во емисијата на водителот Krishnan Guru-Murthy.  
 
Тарантино кој е генерално познат по својата ексцентричност, повторно докажа дека работите не се смениле кај него со текот на годините.  Британскиот водител во целото интервју го води разговорот во насока на осуда на насилството на филмовите, додека режисерот изјавува дека “филмовите со насилство не се виновни за насилството, луѓето кои вршат насилство се виновни”.  Но откако водителот си продолжи да го тера муабетот на истата страна, Тарантино го губи трпението и разговорот добива поинаков тон.  Имено американскиот режисер изјавува дека не сака да го каже своето мислење во врска со насилството и филмовите, дека не му паѓа на памет повторно да го каже она што го кажува цели 20 години само поради “нечија емисија и нејзин рејтинг”.
 
"Јас овде го продавам својот филм.  Кој го интересира мојот став во врска со насилството, нека си провери на Гугл, и нека види што зборував изминатите 20 години.  Мојот став воопшто не е променет, а вие сакате повторно да го изнесам за вас и вашата емисија.  Нема тоа да го направам!", порачува Тарантино во интервјуто.
 
“Нема да одговорам на вашето прашање.  Не сум ваш роб и вие не сте мој господар...  Нема да играм како што вие свирите, не сум мајмун...  Нема да ме навлечете” – му вели Тарантино на упорниот водител, додавајќи “не е ваша проклета работа што мислам јас за тоа!”.
Во интервјуто Тарантино образложува дека дека тој смета дека филмовите со насилство се едноставно добри филмови, но негира дека има било каква врска со агресијата во вистинскиот живот.  “Тоа е филм, тоа е фантазија.  Тоа не е вистински живот”.
Следи скандалозното интервју.
 


Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations