Life Action / Game Action 2
Прегледано: 854 | Oбјавено на: 26.12.2012
„Life Action / Game Action 2“ е името на изложбата на уметниците Гордана Вренцоска, Славица Јанешлиева, Гоце Наневски, Игор Сековски, Александар Спасоски и Борис Шемов што беше отверена на 25 декември 2012, вторник во 20 часот, во Мала станица објект при Националната галерија на Македонија,  отворена кураторски проект на Ана Франговска, на која ќе излагаат. 
 
„Life Action / Game Action 2“ е продолжение на минатогодишниот проект „Life Action / Game Action 1“. Учесниците во овој проект на специфичен начин се занимаваат со повеќе аспекти на релација општество-уметност, меѓу кои распнатоста на единката меѓу реалноста и соништата, актуелниот проблем на мешањето на политиката во уметноста, прашањата за културната политика, за институциите, за сервилноста, за вкалапеноста, за незначителноста на критичката и стручна маса, за немањето дијалог, за неподготвеноста и немањето култура за слушање и примање критика, за незнаењето да се критикува без притоа да не се навреди личниот интегритет на индивидуата или на групата, за непреземањето одговорност, за неоправданоста на изборот, безгласноста, немањето комуникација, индивидуализмот, за молкот како решение, за лојалноста по секоја цена итн.  
 

 
Овој проект смело го отвара прашањето дали современото дело успева да воспостави релација со реципиентот и дали го третира воопшто тој проблем или уметноста сè повеќе станува „елитистичка“, привилегија на посебните. Дали трик-уметноста, го заслужува вниманието или не. Дали инстант-уметноста може да задоволи вредносни критериуми. Дали уметникот знае да каже “не!”, на барањата на кураторот или на институцијата и колку го чини тоа?
 
Истото се однесува и на кураторот и на неговиот став и позиција во институцијата во која е тој главниот иавршител на активностите . Кон кого е неговата одговорност, пред уметникот или пред работодавачот? 

 
Славица Јанешлиева, Гордана Вренцоска, Борис Шемов, Александар Спасоски, Гоце Наневски и Игор Сековски на многубројни различни начини начнаа голем дел од споменатите прашања во кои егзистираат, творат, работат, функционираат. Спасоски мошне интимистички ги истакна сопствените стравови и дигресии на „перформативен“ начин. Шемов го директно и отворено го нападна кураторот за нејаснотија.Вренцоска најнапред го истакна проблемот од недостаток на сопствен простор, а по една година „докторира“ на тема купување стан; Јанешлиева говореше за сенката (нашите сеништа и во преносна и во буквална смисла) и тишината (молкот како став и однос). Сековски се изедначува со животни (ут или куче) во зависност од анималните карактеристики со кои сме „надарени“ во времињата што ги живееме. Наневски ги обработува аспектот на играта (коцката) и уметникот како одбрана на „вечната“ парадигма на игривоста и коцкањето во и со животот во секоја смисла или, пак, во новата верзија на Life action/Game action 2 понуди проблем-гатанка, која треба да се реши. 
 
Life Action / Game Action 1 и 2 се и игра и живот и нудат ad-hoc решенија на индивидуи што активно и генерално оправдано ја градат нашата рецентна сцена. За Life Action / Game Action 1 и Life Action / Game Action 2 се подготвува книга во која теоретски за концептот на изложбата пишува Ана Франговска, илустрирана со проектите на застапените уметници на изложбата.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови
Интервју со Мери Мирческa, ултрамаратонец
Пред околу 3,5 години сосема случајно истрчав полумаратон без никакви припреми ниту пак потешкотии. Едно ново случајно познанство таму ја смени брзината на планинарењето која до тогаш ја практикував. Од страсен планинар, станав планински тркач.
Интервју со Васил Зидровски. Иноватор и млад човек со интересен поглед на светот
 Љубопитен по природа. Интересен собеседник. Лукаво паметен кога треба да направи некој алгоритам. „Problem Solver”.
Како да се употреби докторатот за постигнување на сопствените цели
 Сè што чиниме во животот има единствена мотивација: како да ги постигнеме нашите цели. Секоја дефинирана активност, акција, размисла и улога, всушност, е насочена да го добиеме или да го оствариме она што сме го зацртале како патека на движење во нашиот живот. 
Интервју со Кокан Ајановски, тркач и Personal Wellness Coach
Трчањето не е само физичка активност. Трчањето е стил на живеење и постојана борба да се надминеш себе. 





Facebook
Reccomendations