Мини интервју со скромната Сораја + галерија
Прегледано: 4917 | Oбјавено на: 17.11.2012
 Во ова наше време кога звањето старлета има тенденција да прерасне во официјална професија, атрактивната Сораја е убедливо една од најистакнатите носителки на оваа “титула” на Балканот. И веќе сите добро знаеме дека оваа “професија” подразбира правење скандали каде и да се оди, бакнување со девојки по ноќни клубови, постирање разголени сликички на Твитер и Фејсбук, сликање на Плејбој и други слични списанија и сајтови...и други слични “макотрпни” активности, но видете како Сораја гледа на сето тоа и како се сфаќа себеси и својот начин на живот.

Сораја Вучелиќ деновиве престојува во Сплит каде што го снима спотот преку кој младите од Хрватска ќе се запознаат со социјалната мрежа Party Time. Станува збор за водич на ноќни излегувања кој наскоро ќе се прошири на целиот Балкан. Оваа зајчица ја има главната улога во спотот и со задоволство ја прифатила таа улога поради тематиката, а инаку таа се смета себеси за многу пребирлива кога се во прашање ангажманите.

- Не сакам да ги прифаќам сите понуди само за да бидам во центарот на вниманието. Сакам внимание, но сепак ги избирам оние проекти во кои можам да се пронајдам – вели Сораја.
Понуди има многу, но старлетата не заборава на своето образование, таа посветено студира психологија и е трета година.

- Важно ми е да го завршам факултетот. Задоволна сум со ангажманите на Балканот, и не ми е цел да се пробијам надвор од тие рамки, но сепак никогаш не знаеме што може животот да донесе – изјавува Сораја.

По завршувањето на снимањето на спотот Сораја ќе оди кај татко и во Задар, па се враќа во Белград на прославата на нејзиниот роденден.

- Јас сум скромна жена и немам никакви посебни желби за роденден. Доволно ми е околу мене да се соберат моите драги луѓе – заклучува Сораја која не крие дека е во среќна врска со маж за чиј идентитет не сака да зборува.

Како што заклучувате од ова интервју, Сораја е женска на место.

Во тој контекст, еве и една галерија од старлетата.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови
Интервју со Стефан Ристевски. Млад научник за чии пронајдоци ќе читате во иднина
Aко успееме да направиме вештачка интелигенција која ќе биде во можност да чувствува, тогаш би започнале нашите проблеми.
Рептил ја негува традицијата на здравата и вкусна македонска храна
 Умешноста и истрајноста да ја зачуваме традиционалната рецепта во кујната и упорноста да ги сознаеме и готварските вештини онака како и нашите баби ги совладувале во младоста, несвесно креираа и отпор кон современите токови, кои значајно ги сменија навиките и ја воведоа процесираната храна. 
Движете се сигурно и спокојно со Сојузот на возачи на Македонија
Секој кој е на чекор пред избор на која компанија ќе ја даде довербата да го сервисира и врши технички преглед на возилото треба да се раководи од принципот на професионална услуга, но и традицијата на успех која ја има компанијата со која соработува.
Дуна инвестира во нов административен, развоен и логистички центар
Нашиот бизнис сегмент ги надрасна границите на Македонија и успешно услужуваме клиенти и во Србија и во Албанија“, вели Александар Пајковски од Дуна.





Facebook
Reccomendations