ПРВ ФЕСТИВАЛ ЗА ЗДРАВЈЕ И УМЕТНОСТ НА ЖИВЕЕЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА
Прегледано: 1731 | Oбјавено на: 30.10.2012
 На 3-ти и 4-ти ноември во Македонската опера и балет за прв пат се случува фестивал за здравје и уметност на живеењето – Body, Mind and Spirit.

Фестивалот е прв од ваков тип организиран кога било во Македонија, а во својата програма изобилува со голем број на работилници, предавања и семинари од еминентни предавачи, професори, доктори и специјалисти од земјата и регионот, како и гости од Германија и Индија кои ќе опфатат теми од областа на здравјето на телото и духот.

Имено, на Skopje Body, Mind and Spirit бидат застапени различни рекреативни спортови, јога, медитација, хомеопатија, гешталт терапија, стрес и стрес менаџмент, биоенергија, акупунктура, астрологија, библиотерапија, нутриционизам и здрава исхрана, но и предавања за превенција, рана дијагностика и третман на различните болести на денешницата. Истовремено, во рамките на фестивалот ќе бидат поставени и голем број на различни интерактивни работилници кои на посетителите ќе им овозможат на едно место да се едуцираат за сите теми поврзани со здравиот и квалитетен живот, во сите негови сегменти – тело, дух и начин на размислување.

Предавањата за првиот ден (03.11 – сабота) се закажани во салата „Империал“ во Македонската опера и балет од 12 до 20.30 часот, додека за вториот (04.11 – недела) на Малата сцена од 9 до 18.30 часот. Работилниците ќе се одржуваат паралелно, во Фоајето на МОБ.


Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови
Интервју со Мери Мирческa, ултрамаратонец
Пред околу 3,5 години сосема случајно истрчав полумаратон без никакви припреми ниту пак потешкотии. Едно ново случајно познанство таму ја смени брзината на планинарењето која до тогаш ја практикував. Од страсен планинар, станав планински тркач.
Интервју со Васил Зидровски. Иноватор и млад човек со интересен поглед на светот
 Љубопитен по природа. Интересен собеседник. Лукаво паметен кога треба да направи некој алгоритам. „Problem Solver”.
Како да се употреби докторатот за постигнување на сопствените цели
 Сè што чиниме во животот има единствена мотивација: како да ги постигнеме нашите цели. Секоја дефинирана активност, акција, размисла и улога, всушност, е насочена да го добиеме или да го оствариме она што сме го зацртале како патека на движење во нашиот живот. 
Интервју со Кокан Ајановски, тркач и Personal Wellness Coach
Трчањето не е само физичка активност. Трчањето е стил на живеење и постојана борба да се надминеш себе. 





Facebook
Reccomendations