Како да се употреби докторатот за постигнување на сопствените цели
Прегледано: 1233 | Oбјавено на: 19.08.2019
 


Како да се употреби докторатот за постигнување на сопствените цели

Сè што чиниме во животот има единствена мотивација: како да ги постигнеме нашите цели. Секоја дефинирана активност, акција, размисла и улога, всушност, е насочена да го добиеме или да го оствариме она што сме го зацртале како патека на движење во нашиот живот.

Остварувањето на највисок степен на формално образование, завршување на докторски студии, реализира неколку потенцијали за успех во животот. Освен што секој доктор на науки ќе ги стекне основните, генерални, компетенции насочени кон знаењето и владеењето врвни вештини, тој ќе може да идентификува истражувачки проблеми, да анализира и да најде соодветно решение, да создаде нови знаења, да ги владее методите, процедурите и процесите на истражувачка работа, да биде способен за индивидуално истражување и развојна работа и способен да води тим истражувачи, да ја разбира важноста за квалитет и да се насочи кон квалитетна професионална работа преку себе-автономија, себе-критикување, себе-рефлексија и себе-евалуација во работата и да биде посветен на професионалната етика.

Секој доктор на науки, притоа, практикува иновативен пристап во користење и создавање комбинации од емпириските истражувачки методи (триангулација) и формира и имплементира оригинални научни решенија за конкретни научни предизвици.

Завршувањето на докторските студии на Факултетот за применети општествени студии (http://www.fuds.si/en/programmes/sociology) и на Факултетот за медиуми (https://www.fame.si/doktorski-studij-stratesko-komuniciranje), овозможува исполнување на уште неколку клучни цели, освен добивањето меѓународна диплома и стекнување сериозно теоретско и практично знаење.

Имено, студирањето на вакви престижни факултети на ниво на Европа значи и „влез“ во сериозна мрежа, network, на професори, експерти, докторанди од цел свет, истражувачи, научници. Познавањето на оваа категорија личности, претпоставува, сериозно вмрежување и можност за интернационализација на Вашата кариера. Интернационализацијата подразбира учество на европски или светски проекти, пишување трудови и нивно објавување во меѓунаордни списанија со импакт фактор, можности за Ваши визитинг предавања или посериозна соработка со високо-образовните институции или организации и компании.

Ангажманот на одреден проект значи и побрзо враќање на Вашата инвестиција во процесот на едукација. Европската диплома, како што веќе рековме, ги отвора вратите за многу ангажмани во иднина и побрзо враќање на вложените пари, време и труд за стекнување диплома доктор на науки. Секако, се отвораат и вратите за професионално напредување.

Исто така, важно е да се напомене дека студирањето во Словенија подразбира ангажман на тема по Ваш избор и под менторство на сериозни професори со сериозен професионално искуство. Меѓународниот ангажман на многу професори и научници ќе Ви обезбеди пристап до сериозна платформа за работа и ангажирање на меѓународни практични или научни проекти.

Освен психолошкото задоволство дека ќе бидете доктори на науки, всушност, добивате и практично исполнување на Вашата дефинирана цел – напредок во научните води и интернационализација на кариерата без разлика дали работите во компанија или институција во Македонија. Добивањето европска диплома ќе Ви овозможи и напредок на Вашата кариера во домашните институции или компании и искачување на скалило повисоко во работната организација. Паралелно со тоа, ќе значи и примена на светска/европска пракса која сте ја научиле во реализирање на зададените задачи. Отворање на Вашата лична перспектива ќе значи сериозен придонес и за организацијата/институцијата во која работите и делувате.

Забелешка: За сите информации, идните доктори на науки, може да дојдат на информативниот ден кој се организира на 02.09.2019 година во 17 часот и 30 минути во хотел Солун, центар на Скопје, кога професори од овој факултет ќе бидат присутни во Македонија и ќе ги објаснуваат сите потенцијали за студирање во Словенија.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations