Рептил Супермаркет – Со еден клик до вашата онлајн продавница
Прегледано: 8527 | Oбјавено на: 07.04.2017
 Рептил како компанија е присутна повеќе од 20 години на пазарот и со тоа има стекнато големо искуство за потребите и побарувања на сите наши ценети купувачи.Покрај своите бројни маркети, Рептил не застанува тука... Ја прати динамиката на брзиот живот и недостаток на доволно време па затоа отвори нова можност за купување.On line купувањето е прекрасна можност за сите кој сакаат повеќе време да поминат со семејството,пријателите и за постарите лица на кој излегувањето од домот им е се потешко.Едноставно додека сте на вашето работно место или во домот можете да ги нарачате сите потребни производи кој ќе Ви бидат доставени на адреса и време кое Вие ќе го одберете.






Во постојаното барање и планирање да ни остане повеќе слободно време, време кое сакаме да го исполниме со своите најблиски, време лично за нас, време исполнето со среќа и љубов. Рептил маркетите се погрижија да го заштедат Вашето време.
Купувањето во Рептил е поинаква приказна. Влегуваш внатре и вработените те дочекуваат со насмевки на лицата, секогаш во пресрет да ти помогнат во твојот избор или пак неснаодливоста во маркетот. Нивната љубезност и максимално професионална услуга едноставно ќе те натераат да се вратиш со задоволство во нивните маркети.
Рептил постои уште од 1996 година и започна како мал семеен бизнис во Скопје. Компанијата го достигна својот рејтинг со лојалност, квалитет и услуга. Тоа го докажува и ланецот од 13 локални маркети низ градот, со над 300 вработени.
Нивните стандарди и цел за одржување на задоволни купувачи,како и чување на нивната титула “Компанија со најдобра услуга во градот”, ја носи компанијата на повисоко услужливо ниво – онлајн продавница.
Оваа онлајн продавница опфаќа околу 3000-4000 производи чија бројка ќе продолжи да се зголемува.Производите се поделени во групи и подгрупи, исто како што е направено во супермаркетите. Пазарењето е лесно и едноставно и ти нуди безбедно плаќање заедно со две други опции:
- Подигнување на производите од Рептил маркетот. Купувачите ја подигнуваат нивната нарачка спремна од избраната локација. Оваа опција им овозможува да го избегнат трошокот за достава.
- Достава до врата. Рептил врши достава на вашите избрани производи секој ден, до вашата локација, со временски интервал од 08до 18 часот. Купувачот може да побара нарачката да му се достави во избрано време и избраниот ден.
Доколку самиот купувач не одреди време, а изврши нарачка најкасно до 16.30 часот, Рептил ги испорачува производите во истиот ден. Во сабота, доставата се врши од 08 до 14 часот, само ако нарачката се направи најкасно до 12.30 часот.
Рептил се грижи за купувачите. Тоа го докажува со нивните свежи и квалитетни производи, со високите попусти како и со нивната клуб картичка. Со клуб картичката на Рептил се станува член од семејството на лојални купувачи и се заштедува при секое пазарување . На фискалната сметка Купувачот има известување колку заштедил односно за тој износ ја плака намалена сметката. За сите акции и сезонски намалувања членот на клуб Рептил, може да ги донива на сопствената е-маил адреса.
Сите акции, сезонски намалувања и привелигиите како член на клуб Рептил , ги има и добива и во нивната онлајн продавница www.reptilmarketi.mk
Онлајн продавницата е едноставна и лесна за користење и без проблем може да ја користат сите возрасти. Безбедна и заштитена со интернационални Сертификати за онлине плаќање со банкарска картичка.
Благодарение на една идеја поддржана со технологија, купувањето никогаш не било полесно.
Пазарето со срце и задоволство, Ваши РЕПТИЛ маркети
www.reptilmarketi.mk
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations