Лакалут со наградна игра
Прегледано: 4889 | Oбјавено на: 06.04.2016
  • Лакалут со наградна игра

    Компанијата Натусана, во наредните два месеци, организира награден натпревар „Куфер полн здрави насмевки“ за брендот „Лакалут кидс“ 
 Компанијата Натусана, во наредните два месеци, организира награден натпревар „Куфер полн здрави насмевки“ за брендот „Лакалут кидс“.

Во рамки на натпреварот ќе бидат наградени 15 семејства со пакет годишна залиха производи од линијата Лакалут. Подароците ќе се делат во три етапи и победниците ќе бидат прогласувани согласно најмногу освоени гласови и со гласање од страна на стручно жири.

Целта на натпреварот е да се поттикне креативноста кај децата. Главен предуслов за учество е учесниците да соберат две различни куферчиња (држачи за четки за заби) кои се паѓаат гратис во пакувањето од детската паста Лакалут наменета за возраст од 4-8 години. Учесниците треба да ги искористат овие куферчиња за да ја покажат својата креативност.

На пример, може куферчињата да ги вметнат во цртеж, да направат фотографија на која ќе покажат како ги користат во секојдневието, да покажат како тие ги чуваат нивните четкички за заби или било која друга креативна идеја на која ќе се сетат, а потоа она што го создале треба да го прикачат на Facebook страната на Четко Четковски. Покрај прикачената фотографија, учесниците треба да дадат краток опис на она што го создале или да напишат некоја убава креативна мисла.

На секои три недели ќе бидат прогласувани по пет добитници на годишна залиха Лакалут производи за целото семејство, односно вкупно 15 семејства ќе се радуваат на куферот кој за нив ќе биде наполнет со производи за здрава насмевка.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations