Волво со рекордна продажба и добивка
Прегледано: 1347 | Oбјавено на: 29.02.2016
  • Волво со рекордна продажба и добивка

    Групацијата „Волво карс“ продаде рекордни 503.127 возила во 2015 година, што, за прв пат, се случува во нејзината 89-годишната историја на постоење на компанијата.  
 Групацијата „Волво карс“ продаде рекордни 503.127 возила во 2015 година, што, за прв пат, се случува во нејзината 89-годишната историја на постоење на компанијата. Исто така, компанијата забележа и рекордна оперативна добивка од 707 милиони евра (6620 MSEK).

Ова е осум процентно зголемување на продажбата на возила во однос на 2014 година, како резултат на појавата на новата серија возила 90 и силната продажба на веќе постоечките модели.

„Драго ми е што 2015-та година беше година на рекордни продажби и тројно зголемување на профитот. Сега, со успешна година за нас, Волво карс ќе влезе во следна фаза на својата глобална трансформација и со тоа ќе стане глобален производител на премиум автомобили“, вели Хакан Самуелсон, претседател и главен извршен директор.
За постигнување на целта – глобален производител на премиум автомобили – Волво карс имплементира програма за трансформација вредна околу осум милиони евра (SEK 75bn). Со целосно обновување на својата палета производи, компанијата настојува, на среден рок, двојно да ја зголеми продажбата на околу 800.000 возила годишно.

Новата стилизирана верзија на V90 која беше претставена месецов во Стокхолм, е најновата верзија на премиум автомобили, трет по ред од најмодерната линија на 90 сериите, кои рамо до рамо стојат со наградуваниот XC90 SUV, како и со неодамна претставениот премиум S90. Најновиот модел на V90 претставува совршен спој на луксузно искуство преку крајно софистицираниот внатрешен ентериер, комбиниран со голем багажен простор. Составен дел на V90 моделот е и најновата технологија на „Pilot Assist”, полуавтономна технологија за возење и најнапредниот стандарден пакет за безбедност на пазарот. Секако, 60 годишната традиција која била започната со Volvo Duett е пренесена чекор понапред во однос на естетиката, материјалите и завршната обработка.

Производството на многу очекуваната XC90 SUV почна, а компанијата доби 88.000 нарачки, согласно очекувањата. Производството и на XC90, исто така, доведе до воведување на трета смена во една Волво фабрика во Шведска за прв пат од 2008 година, создавајќи речиси 1.500 нови работни места во производство.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations