Ford Fiesta на првата позиција по четврти пат
Прегледано: 1399 | Oбјавено на: 05.02.2016
 Ford Fiesta е најпродавано мало возило во Македонија и во Европа за 2015 година.

На македонскиот пазар, Ford Fiesta има удел од над 20% во вкупната продажба на возила во Б-сегментот за минатата година. Додека и во Европа е на првата позиција, веќе четврта година по ред, благодарение на значајните надградувања во стајлингот и функционалностите на возилото.

Статистиките покажуваат дека во 2015 година, граѓаните на Европа купиле 314.432 Ford Fiesta возила, што е за два проценти повеќе од претходната година, кога биле купени 309.120 илјади возила.

"Клиентите што посакуваат мали автомобили ќе најдат се што бараат во Fiesta, без разлика дали станува збор за мала емисија на издувни гасови (82 g/km CO2) кај Fiesta Econetic или за наградуваните перформанси на моделот Fiesta ST и на моторот Ford EcoBoost“, вели Роелант де Ваард, потпретседател, маркетинг, продажба и сервис во Ford Европа.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations