Мајкрософт недела на Јавниот сектор „Вистинско влијание за подобро владеење”
Прегледано: 2775 | Oбјавено на: 17.11.2014
Скопје, 17 ноември, 2014 – На 18‐ти и 19‐ти ноември во Скопје, во Музејот на револуционерната борба
со почеток во 10:00 часот, Мајкрософт Македонија по втор пат ја организира „Недела на јавниот сектор“во која ќе бидат организирани неколку работни средби и тркалезни маси. Настанот се организира во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.

Специјален гостин на настанот е господинот Џо Макри, Потпретседател на Мајкрософт ЕМЕА за Јавниот
сектор (Mr. Joe Macri, Vice President Public Sector, EMEA Microsoft). Тој заедно со Министерот за
информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ќе се обрати на отворањето на настанот.
Покрај официјалната презентација на отворањето на настанот, потпретседателот на Мајкрософт ЕМЕА, господинот Џо Макри ќе одржи работни средби со Потпретседателот на Владата, господинот Зоран Ставрески, со Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и со
Министерот за Труд и социјална политика, Диме Спасов.

За време на овие средби Мајкроосфт на Владата на Република Македонија ќе и понуди план за
заедничко инвестирање во создавање на Иновативен центар и потпишување на Меморандум за
соработка за реализација на програмите на Мајкрософт за поддршка на трансформацијата на
образованието, познати како ETA / Youthspark проект, кој дава можности на повеќе од 300 милион
млади луѓе ширум светот за образование, вработување и практиканство.
Експерти од Мајкрософт за јавниот сектор ќе презентираат некои од најновите ИТ решенија за јавниот сектор и ќе модерираат дискусии на тркалезни маси за Предизвиците на модерните влади (Отворени податоци, Големи податоци), Интеракција со граѓаните (ЦРМ решенија за владини служби и СитиНекст платформата), Владин облак (Национален хибриден облак), Сајбер безбедност и Дигитален криминал.
Посетата на Џо Макри и планираните активности за време на „Неделата на јавниот сектор“ ќе послужат за зајакнување на партнерството помеѓу Владата на Македонија и Мајкрософт, адресирајќи некои од приоритетите на земјата со фокус на зголемување на можностите на младите луѓе за вработување и започнување на сопствен бизнис. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations