ОД ДЕНЕС, БРЕНДОТ „ПАРГО“ НА КАТАРИНА ИВАНОВСКА ДОСТАПЕН ЗА МЛАДИТЕ!
Прегледано: 1457 | Oбјавено на: 12.09.2014
Дизајните изработени од македонскиот модел Катарина Ивановска, претопени во модната колекција со заштитен знак „Парго“ стануваат достапни за младите девојки и жени.

„Парго“ претставува спој помеѓу модерното и класичното и оваа колекција се наметнува како модна линија за секоја сезона, подобна за следбениците на убавината и модата. Издвојувајќи се од конкурентите по градското и урбаното, едноставен и истовремено со „cool“ стил, „Парго“ покажува дека е бренд близок до потрошувачите и следбеник на светските модни трендови, изјави Христина Деспотовска, моден креатор

Продажниот салон лоциран на булевар „Партизански одреди“ (веднаш зад „Броз кафе“), ќе работи секој ден од понеделник до петок од 12:00 до 19:00 часот и сабота од 11:00 до 16:00 часот.

 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations