Викенд Медиа Фестивал: Магнет за регионалната бизнис заедница
Прегледано: 1082 | Oбјавено на: 11.09.2014
Загреб, 11 Септември 2014 – Викенд Медиа Фестивалот, оваа година, по седми пат ја собира регионалната комуникациска индустрија но и останатите бизнис сектори на едно место. Под покровителство на Адриа група, во Ровињ од 18 до 21 септември, ќе се одржат над педесет предавања и панел дискусии каде ќе се разговара на различни теми во релаксирана атмосфера, а тука се и неизбежните забави во ноќните часови.
Директорот на фестивалот Томо Рицов, истакна дека секоја година причините за посета на Ровињ се сѐ поголеми. „На Викенд се предава, дискутира, забавува, претставува и комуницира на сите можни начини. Викенд се повеќе претставува не само место за сите кои нешто значат во комуникациската индустрија, туку и место на кое може преку работилниците да се стекне конкретни знаења како и можност за создавање нови бизниси во опуштена атмосфера“.
Оваа година програмата е побогата во однос на изминатите години и се одвива во 5 сали. „Јасно е дека никој неможе да ги прати сите предавања, секој панел, ниту да учевствува во секоја работилница, но преку богатата понудена програма сакамe на нашите посетители да им овозможиме сами да си го обликуваат својот Викенд и да од Ровињ понесат свои посебни доживувања и знаења кои им се ним потребни“, изјави програмскиот директор Никола Врдољак.
Изминатите неколку години Викенд има одвоено посебен простор и за деловни теми кои се надвор од комуникациската индустрија. На еден од панелите посветени на тие теми, учесник ќе биде и Претседателот на Управата на Хрваски Телеком Давор Томашкович. „Викенд Медиа Фестивал од самиот почеток ја спојува бизнис заедница околу темите кои претставуваат предизвик, но и отвораат нови перспективи. Еден од тие предизвици, но и можност, е големата реконструкција на хрватските компании. Поради овие, актуелни теми, но и мноштвото релевантни соговорници, Викенд е случување кое не треба да го пропуштите“, смета Томашкович.
Најголемиот дел од програмата, сепак е посветен на комуникација, поради кој Викенд е и задолжително случување за членовите на Хрватското здружение за комуникација (HURA). Претседателот на здружението Дамир Циглар ги повикува сите да се приклучат на панел дискусијата која треба да се одржи на 19ти септември во салата на BalCannes. „На сите кои ќе присуствуваат на панел дискусијата 'The Perfect Pitch to Pitch Perfect' скромно им ветувам дека погледот на англискиот „Pitch“ никогаш повеќе нема да им биде ист! Речиси веројатно!“, вели Циглар.
За забава оваа година задолжени се диџеите JAMirko и K'Pow на словенечката вечер која што треба да се одржи во петок, потоа Psihomodo Pop и новосадските The Frajle во сабота. „За Викедн Медиа Фестивал слушнавме само пофални зборови, и поради тоа ни е мило што ќе бидеме дел од фестивалот оваа година. Го исчекуваме концертот и на посетителите им ветуваме добра забава. Секако, со нивно ветување дека ќе ни се приклучат во пеењето“, велат The Frajle во пресрет на настапот во Ровињ.
На седмиот по ред Викенд Медиа Фестивал се очекува околу 4000 учесници, вклучувајќи и повеќе од 500 акредитирани новинари, над 130 предавачи, панелисти и работилници, повеќе од 300 студенти од целиот регион. За повеќе информации, погледнете на www.weekendmediafestival.com
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations