Од сега Том Тејлор достапен и во Македонија!
Прегледано: 1266 | Oбјавено на: 04.09.2014
Скопје, 04.09.2014 – На приземјето во Скопје Сити Мол, во петок на 5-ти Септември 2014 година се отвора првата официјална продавница на брендот Том Тејлор во Македонија. Набрзо, во текот на месец октомври се очекува да биде отворена и втората, во рамки на Капитол Мол.
Том Тејлор е еден од водечките модни брендови во Европа. Достапен е во повеќе од 35 држави, каде што купувачите можат да уживаат во различните модели со висок квалитет и достапна цена. Во Македонија потрошувачите ќе имаат можност да направат избор од широката палета „кежуал“ производи на Том Тејлор, намената за мажи и жени од 20 до 55 години.
Машката и женска модна линија Том Тејлор е наменета за модерни луѓе кои го сакаат урбаниот стил. Истата, лесно може да се носи насекаде како во: канцеларија, во училиште или на викенд забава со пријателите.
Истовремено, секој може да го пронајде сопствениот индивидуален стил благодарение на многубројните понудени комбинации. Том Тејлор е бренд за оние кои во облеката се чувствуваат удобно и опуштено, а истовремено и модерно.
Новата колекција „Есен - Зима 2014“ ја покажува разноликоста која ја нуди брендот Том Тејлор. Модерниот стил е рефлектиран со едноставни и урбани линии, софистициран и карактеризиран со комфор, елеганција, чисти линии, смирени колоритни тонови, перфектен дизајн и внимателно избран квалитетен материјал.
Во колекцијата на Том Тејлор се вклучени и „винтиџ“ парчиња од 1962 година. Со нивните ситни детали, светли бои, удобноста како и џинсот сигурни сме дека ќе бидат омилен избор за секојдневниот изглед.
Љубителите на спортскиот моден стил ќе бидат одушевени од облеката која е инспирирана од американскиот „колеџ стил“, која претставува свежа, колоритна, релаксирана и удобна колекција.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations