Започнува со работа Втора Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн во Охрид.
Прегледано: 1303 | Oбјавено на: 30.06.2014
Од утре, па се до 06 Јули, Факултетот за Aрхитектура и Дизајн при Универзитет
Американ Колеџ Скопје по втор пат ја организира Меѓународната летна школа
за архитектура во Охрид.

Целта на оваа школа е афирмација и промоција на архитектурата и
можноста за креативно изразување на идните архитекти. Истовремено, оваа
школа им овозможува на студентите да ги унапредат професионалните знаења
и способности за полесно да ги совладаат предизвиците од културната
експанзија.

Минатата година, на првата летна школа во организација на Факултетот за
Архитектура и Дизајн при Американ Колеџ Скопје, учествуваа околу 30 студенти
кои дадоа свое видување за изгледот на просторот околу Чинарот, локацијата
Долни Сарај и просторот кај поранешното основно училиште “Св. Климент
Охридски“ во Охрид.

Оваа година бројот на студенти и заинтерсирани за учество на летна школа е
зголемен и има преку 50 пријавени студенти од неколку држави меѓу кои:
Италија, Иран, Романија, Молдавија, Албанија, Русија, Украина, Хрватска,
Србија, Словенија и Полска. Тие ќе имаат за цел да предложат архитектонски и
дизајнерски интервенции за неколку локации во град Охрид, кои во текот на
работата ќе можат сами ќе ги изберат.
Студентите ќе бидат подели во неколку групи и заедно со своите професори
и ментори ќе создаваат можни сценарија за ново видување на архитектурата и
јавниот градски простор.

Во рамки на летната школа, оваа година сите учесници ќе можат да
присуствуваат на предавања од врвни и еминентни емиња од светот на
архитектурата, меѓу кои Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима (www.bowwow.
jp) од Јапонија и Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина (www.penezicrogina.
com) од Хрватска.

Целиот проект е поддржан од Министерството за Култура на Република
Македонија, Општина Охрид, Манифестацијата Охридско Лето и Заводот за
заштита на спомениците од Охрид.
На крајот на летната школа, ќе биде организирана изложба и јавна
презентација на трудовите, а на сите учесниците ќе им бидат поделени дипломи.
Скопје, 30.06.2014
Контакт:
Елена Пазарџиевска, ФАД/Американ Колеџ Скопје
[email protected]

ГЛАВНИ ТУТОРИ
ЈОШИХАРУ ЦУКАМОТО И МОМОЈО КАИЏИМА, Atelier Bow-Wow, Токио, Јапонија
Токиските архитекти Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима воспоставуваат едно од
најиновативните архитектонски бироа кои делуваат и денес. Постигнувајќи култен статус
помеѓу студентите во светот, тие ја градат својата кариера спротивставувајќи се на
предизвиците на дејствување во густите урбани средини. Нивните градски куќи,
пропратени со вибрирачки и идиосинкретични форми се препознаваат по нивниот
капацитет да ги примат променливите потреби на оние кои ги населуваат. Во Аtelier Bow-
Wow постои посебен истражувачки оддел, кој до сега има објавено бројни расправи за
вернакуларната архитектура. Тие исто така повеќе пати изложуваат на Венециското
Биенале.

ПОМОШНИ ТУТОРИ
ВИНКО ПЕНЕЗИЌ И КРЕШИМИР РОГИНА, Penezić & Rogina Architects, Загреб, Хрватска
Винко Пенезиќ (роден во Загреб, Хрватска во 1959) и Крешимир Рогина (роден во Риека,
Хрватска во 1959) соработуваат од 1979 година. Фирмата Пенезиќ и Рогина архитекти ја
формираат во 1991 година. Двајцата дипломираат на Факултетот за Архитектура во
Загреб, додека постдипломски студии посетуваат на Факултетот за Архитектура во
Белград (од 1983 до 1990) под менторство на проф. Ранко Радовиќ. Добитници се на
награди на конкурси во Јапонија во 1984, 1990, 1995, 1996, 1999 и 2001. Автори се на голем
број проекти од различни типологии. Меѓу другото добитници се на сребрен медал на
INTERARH Светското Биенале во Софија 1987, Гран При на Белградскиот Салон за
Архитектура во 1988, награди Виктор Ковачиќ и Бернардо Бернарди во 1997 и
Националната Награда за Архитектура Владимир Надзор во 2002. Како претставници на
Хрватска изложуваат на Венециското Биенале во 2000 година со изложбата
„Транспарентноста на Хиперреалното“ (Transparency of the Hyperreal). На покана на
директорот Курт Форстер, учестуваат на Биеналето во 2004 со изложбата „Апсолутен
Интернет“ (Absolute Internet). Особен интерес покажуваат кон архитектонската теорија и
критика. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations