Американски крофни
Прегледано: 52085 | Oбјавено на: 17.10.2013
Состојки:
2 јајца
125гр маргарин
250мл млеко
3 лажици шеќер
1 коцка квасец
кора од лимон
брашно по потреба



Подготовка:
Во млако млеко се става квасецот со малку шеќер и брашно да стаса.

Се матат јајцата, шеќерот, стасаниот квасец, млекото, маргаринот и кората од лимон. Се додава брашното и се замесува меко тесто.

Се остава да стаса. Се сука кора со дебелина од 1см и се сечат со чаша кругови-по желба. Се става на набрашнет плех и стојат уште 15мин.

Се пржат во врело масло и се посипуваат со шеќер во прав или со чоколаден прелив.



 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations