Бизнисмените кои патуваат ја дадоа својата доверба на работниот стил “Точно на време” (just in time)!
Прегледано: 2721 | Oбјавено на: 02.10.2013
Скопје, Македонија, Октомври 2013 година

Според најновото истражување кое го спроведе HP (Hewlett-Packard), европските деловни патници стана “точно на време - подвижни извршители на својата работа”, со потврда од дури 93% дека сопствените подготовки за состанок ги прават додека патуваат.
Истражувањето спроведено врз редовните деловни патници(1) од девет Европски земји покажа дека 54% од времето кое го поминуваат во патување, деловните патници всушност го поминуваат во подготовка за состаноците кои се цел на патувањето. Британските деловни патници се едни од оние кои го следат работниот стил „точно на време” (јуст ин тиме), од кои 67% проценти имаат изјавено дека додека трае патувањето се подготвуваат за состанокот кој им следи, додека пак само 43% од Германците превземаат ваков чекор за подготовка.
Со користењето на технологиите, 88% од бизнис патниците се во можност да бидат во чекор со работата и да останат проактивни со проверување на нивната електронска пошта (трошејќи 31% од времето), истразување на информации (трошејќи 24% од времето) и креирање на содржини (трошејки 22% од времето).
Меѓутоа, најголемите тешкотии на кои наидуваат деловните патници се неможноста да се конектираат (62%) и неможноста да добијат далечински пристап до работни алатки и апликации (51%).
“Мобилното работење стана факт на животот за извршните директори. Нашето истражување покажа дека новите ИТ стилови управувани од конекцијата креираат поголеми очекувања од мобилните уреди” изјавија од HP (Hewlett-Packard). “Токму затоа HP (Hewlett-Packard) неодамна го претстави првиот преносен компјутер ElitePad 900 специјално дизајниран за бизнис корисниците, кој нуди исти перформанси и функционалност кои се очекувани од стандарден преносен персонален компјутер (notebook), со батерија која трае еден цел работен ден, наместо само неколку часа.”
Истражувањето направено од страна на HP (Hewlett-Packard), исто така покажува дека канцеларијата не е повеќе местото каде поголемиот број вработени се најпродуктивни. 73% од деловните патници времето за патување го гледаат како можност да останат во тек со работата или пак, како време во кое можат да ја подобрат својата продуктивност. Дури 56% велат дека ги имале своите најдобри идеи додека биле надвор од канцеларија.
Сепак, потребите и стремежите на деловните патниците почнуваат да ги надминуваат можностите на нивните уреди. И покрај продуктивната употреба на технологијата, осум од десет луѓе се чувствуваат ограничени:
• За 59% од луѓето интернет конекцијата е бавна или недоследна;
• За 56% од луѓето батеријата има кратко времетраење за употреба;
• За 51% од луѓето перформансите на уредот се многу слаби;
• 50% велат дека поврзувањето со интернет или нивната мобилна мрежа е тешко или многу скапо.
“Увидовме дека деловните патници ја очекуваат истата леснотија во користењето, квалитетот на дизајн и перформансите кои ги увидуваат со потрошувачката технологија” изјавија од HP (Hewlett-Packard). “Тие се повеќе ги користат потрошувачките уреди во својата работа, но истите не секогаш ги исполнуваат барањата на одделот на ИТ. Фокусот на нашите комерцијални производи е во создавањето на решенија кои го испорачуваат најдоброто поврзување со функционалните потреби на компаниите, задржувајќи го одличниот стил на потрошувачките уреди.”

Забелешка
(1) Истражување кое е нарачано од HP (Hewlett-Packard) со цел да ги истражи навиките, афинитетите и предизвиците во продуктивноста на Европските деловни патници. Истражувањето беше спроведено во текот на месец Јуни 2013 година од страна на водечка независна истражувачка компанија „Вансон Борн” (Vanson Bourne) со употреба на онлајн прашалник. Интервјуирани биле 600 извршни директори кои се деловни патници од Европски земји, вклучувајќи ги: Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Русија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.
Анкетираните работеле во клучни сектори, како: производство, ИТ технологии, финансиски услуги и здравство. За да бидат вклучени во истражувањето, деловните патници требаше повеќе од половина од своето работно време да го поминуваат на пат (т.н. воини на пат / road warriors) или пак да патуваат надвор од матичната држава за потребите на работното место најмалку два пати месечно (т.н. извршители / corporate executives).
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations