Дали зелката е лековита?
Прегледано: 10540 | Oбјавено на: 24.09.2013
  • Дали зелката е лековита?

    Слатка, кисела, салата од зелка, покрај гравот и компирот зелката е главно јадење во нашата кујна. Но, добро е да се напомене дека таа, исто така, има и лековито дејство. 
Покрај тоа што има само 40 калории, 100 грама зелка содржи значајна количина фосфор, калциум, калиум, железо, бакар, цинк и магнезиум. Посебно е богат со витамин Ц но и со витамин А, Б1, и Б2. Еве што се зелката може успешно да излечи:

Анемија
Зелката е богата со минерални соли и витамини и се препорачува за оние кои се анемични. Анемичните лица би требало да ја конзумираат свежа или готвена на пара.

Чир на желудник
Три неполни чаши сок од зелка на ден се добар лек за чир на желудникот.

Кашлица
Сирупот од црвена зелка го смирува кашлањето. За да го подготвите сирупот потребно е ситно да изрендате 3 главици зелка, добро да ја исцедите, потоа минимално да ја загреете на 45 до 50 степени, да додадете три до четири супени лажици мед и една чаша веќе приготвен чај од бел слез. Неколку пати днево се пие по една супена лажица.

Отоци
Доколку имате отоци и модринки можете да ги намалите со помош на два листа зелка, кои ќе ги ставите на удреното место.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations