Револуција во архитектурата, Икеа направи куќа од илјада долари!
Прегледано: 4610 | Oбјавено на: 24.09.2013
Aрхитектите на шведската компанија Икеа смислија ефтина куќа, која корисниците ќе ја добиваат немонтирана, во претпознатливото тенко картонско пакување, кое наликува на она во кое се доставува мебелот на оваа компанија.

Во кутијата се наоѓаат сите делови кои на купувачите им се потребни за да го склопат својот дом, и тоа без додатен алат. Целта на овој производ е на бегалците да им се обезбеди поквалитетно и потрајно живеалиште од шаторите кои во моментов ги употребуваат.

По две години истражување и дизајн Икеа во соработка со UNHCR, овие куќи се спремни за масовна употреба. За реализација на оваа хумана идеја Икеа потроши 4,5 милиони долари. Кога ќе се спореди со краткиот век на траење на шаторите, ова решение е многу поисплатливо, и во него може да се смести петчлено семејство.
Неколку од овие објекти веќе се тестирани во светот, и за разлика од шаторите, овозможуваат многу поголема приватност на семејствата кои ги користат.
"Ќе поставиме околу 26 вакви куќи во Етиопија, 12 во Ирак и 12 во Либан, и ќе служат на оние луѓе кои пребегнале од Сирија." – изјави Оливер Делару, иновациски директор во UNHCR.

Секој од овие домови вклучува и соларен панел, со кој се снабдува енергија, а во исто време грее и лади, зависно од временските услови и годишното време.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations