HP ElitePad 900
Прегледано: 1433 | Oбјавено на: 20.09.2013
  • HP ElitePad 900

    Сите оние кои сакаат перфекција и елеганција во еден единствен уред, “Елитапад” е вистинскиот избор.  
Тестирајќи го HP ElitePad 900 увидовме дека се работи за таблет со добра конфигурација и импресивни 10 часа издржливост на батеријата, кој пред се ги задоволува потребите на сите, а особено на бизнис корисниците .

Брзината на процесорот “Атом” е она што навистина го краси овој таблет, најмногу поради значително побрзото процесирање на оперативниот систем. Дизајнот е елегантен и модерен, но задниот сребрен и матиран дел може да биде чуствителен на гребнатини. На задната страна е камера со 8-мегапиксели со свој LED блиц, додека предната камера има 2 мегапикселна резолуција. И двете се во состојба на снимање 1080p видео.

10,1-инчниот екран има резолуција од 1280 по 800 пиксели, или 149 пиксели по инч (ppi), идентична како онаа на “Мекбук про” без ретина дисплеј. Ако прелистувате на веб, обработувате едноставни документи, проверувате е-мејл или пак структуирате јасни табеларни пресметки, тогаш HP ElitePad 900 е дефинитивно за вас.

Иако со ElitePad 900 не добивате помошна тастатура, помошниот уред за прикотвување овозможува овој таблет да се претвори во вистинска работна станица. Со еден збор, сите оние кои сакаат перфекција и елеганција во еден единствен уред, “Елитапад” е вистинскиот избор.  
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations