Репертоар на МОБ за месец септември
Прегледано: 446 | Oбјавено на: 19.09.2013
Традицијата на Македонската опера и балет и понатаму продолжува со доближување на оперската и балетската уметност до публиката. Поставување на балетски и оперски претстави од светското и националното музичко наследство, преку поставување на модерни и современи продукции со цел зголемување на заинтересираноста на широката јавност.

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ - Љ. Бранѓолица

ALEXANDER III OF MACEDONIA

20.09.2013 – 20.00
Национално дело создадено по 9 години на сцената на МОБ. Најнова балетска продукција на МОБ. Претстава проследена со аплауз и овации на публиката како вистински одговор и оценка за сработеното. Љубовен приказ на борбениот Александар, дополнет со романтичниот карактер кој доминира во музиката на големиот мајстор – Бранѓолица. 
Либрето: Љубомир Бранѓолица и Роналд Савковиќ (Хрватска)
Кореограф: Роналд Савковиќ (Хрватска) Диригент: Бисера Чадловска
Сценограф: Зоран Костовски Костимограф: Александар Ношпал
Светло дизајн: Васко Лисичов Главен репетитор на балетот на МОБ: Тања Вујисиќ-Тодоровска Педагог на балетот на МОБ: д-р Снежана Филиповска Асс. Кореограф: Олга Панго, Горан Божинов, Саша Евтимова Асс. Костимограф: Маре Трајковска, Ана Кркулеска, Марта Дoјчиновска Концерт мајстор: Верица Ламбевска
КАСТ: 
Александар: Васил Чичијашвили (Грузија) Роксана: Александра Мијалкова Олимпија: Наташа Јосифовска Хефастион: Игор Веланоски Дариj крал на Персија: Трајче Стојковски Филип II: Драган Кочоски
Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ

ХУМАНИТАРЕН ГАЛА КОНЦЕРТ
28.09.2013 – 20.00 
Децата се нашата иднина. Да помогнеме на Детската клиника - СКопје


МОБ на своите посетители им нуди можност да купат билети за претставите за цени од :

300 / 400 / 500 МКД за настани на Големата сцена

200 МКД за настани на Малата сцена

500 МКД за хастанот на 28.09.2013

Билетите можете да ги резервирате и купите:

Билетарница тел: 02/3118 – 451

Online продажба на билети на: www.mob.com.mk
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови



Facebook
Reccomendations