Бизарно: Пронашла мозок во доматен сос !
Прегледано: 2627 | Oбјавено на: 19.09.2013
Џулиен Мартер(47) била згрозена кога во куповниот доматен сос нашла мозок, додека го подготвувала ручекот за нејзиното семејство.

Мајката на три деца била шокирана кога ја приметила сивата маса во доматниот сос кој го купила. Сивата маса била со пречник од 10 сантиметри и многу наликувала на животински мозок.
Џулиен кажува дека вработените од супермаркетот Лидл каде што го купила производот и се потсмевале кога дошла да го рекламира.

“Кога го истурив сосот во чинијата забележав дека составот не е баш каков што треба да биде. Бојата на сосот беше црна, па така сфатив дека нешто мора да има на дното од пакувањето, го исеков со ножици и видов нешто кое наликува на мозок. Не сум сигурна дали е нешто од животинско потекло, но мене многу ми наликува на животински мозок”- изјави шокираната Џулијен.

Компaнијата Лидл изјави дека истрагата е во тек и остро го осуди однесувањето на вработените кои и се потсмевале на Џулиен во супермаркетот во Ворчестер.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations