Samsung Motion Sync правосмукалка која воведува паметен начин на чистење
Прегледано: 3776 | Oбјавено на: 13.09.2013
Берлин/Скопје, Септември 2013 – Компанијата Samsung Electronics денес ја претстави Motion Sync правосмукалката SC20F70, дизајнирана за олеснување при навигацијата на корисниците со правосмукалката и да им овозможи на едноставен начин најдобро да го исчистат својот дом.

Motion Sync правосмукалка на Самсунг (Samsung) се одликува со напреден дизајн и технологија, па така сега корисниците ќе можат да уживаат во елегантниот дизајн на уредот многу повеќе од било кога порано.

Дизајниран да овозможи извонредна леснотија во користењето, SC20F70 се карактеризира со револуционерна Motion Sync DesignTM технологија, која и го дава приматот на најстабилна правосмукалка со сад за собирање смет на пазарот, додека пак неговата иновативна CycloneForce Multi технологија одржува висока моќ на вшмукување, што допринесува за максимален резултат во чистењето.

“Како и со секој друг куќен уред на Самсунг (Samsung), нашиот приоритет е револуција и унапредување на нашиот производ, врз основа на специфичните потреби на нашите потрошувачи, кои произлегуваат од нивниот начин на живот” изјави БК Јун (BK Jun), Претседател и извршен директор на Samsung Electronics. „Како што се развиваат нивните животи, ние се трудиме да проектираме апарати за домаќинство кои и самите ќе евалуираат и горди сме што тоа го успеавме со Motion Sync правосмукалката, која лесно и непречено може да држи ритам дури и во најзафатените семејства.“

Контрола во рацете на потрошувачот
Со новиот Motion Sync дизајн, правосмукалката со садот за смет ротира околу својата оска, одделно од своите тркалца, што овозможува побрзо и попрецизно стабилно движење при нагли вртења. Самсунг (Samsung) Motion Sync правосмукалката ја користи предноста на своето тежиште со што обезбедува подобри маневарски способности - разликата во движењето е исто толку драстична како кога ќе прејдете од автомобил со погон на две тркала, на автомобил со погон на сите четири тркала.

Единствените закосени тркалца се поставени под благ агол кон надворешната страна на садот за смет, што обезбедува стабилност на самата правосмукалка и го спречува нејзиното превртување, па корисникот може да го фокусира своето внимание само на чистењето. Големите шупливи тркала се движат мазно и лесно со многу мал вложен напор, без разлика дали правосмукалката се движи по тепих, ламинат или паркет. Исто така, тркалата се дизајнирани да и овозможи лесно движење преку секоја пречка, без разлика дали се во прашање теписите или премунување на праговите.

Голема моќ на вшмукување кој трае
Иновативната CycloneForce Multi технологија на Motion Sync правосмукалката на Самсунг (Samsung) се одликува со едноставна внатрешна структура со четиринаесет внатрешни комори, кои создаваат повеќекратен циклонски проток на воздухот. Силната центрифугална сила на правосмукалката совршено ја одвојува прашината и нечистотијата од воздухот и спречува да излезе надвор од комората. На тој начин се спречува зачепување на филтерот и моќта на вшмукување се одржува на поголемо ниво.

Додека повеќето правосмукалки без класични кеси имаат филтер од пенаст материјал со вкрстени рабови, Samsung Motion Sync правосмукалката има едноставен филтер од пенаст материјал, сличен на сунѓер, кој собира повеќе прашина и може лесно да се испере и исчисти. Доволно е само брзо плакнење како би се спречило зачепување на филтерот, што обезбедува долготрајна моќ на вшмукување и одлични резултати во чистењето при секоја наредна употреба.

Со подобрената функционалност на Extreme Force четката никогаш повеќе нема да пропуштите да вшмукате ниту едно зрно прашина. Преку притисокот на четката, таа овозможува рамномерна дифузија, со што обезбедува моќно отстранување на прашината и честичките, со што се добива делотворен резултат во чистењето.

За лесна употреба во вашите раце
Motion Sync правосмукалката на Самсунг (Samsung) ги поставува командите директно во рацете на корисникот за олеснување во чистењето, со тоа што сите контроли и додатоци ги вградува во рачката.

Специјализираните команди се вградени во рачката, што овозможува лесен и брз трансфер на цевката, додаток за бришење на прашина или пак алатки за чистење во пукнатини без потребата од отстранување на дополнителните делови од уредот, што го олеснува чистењето на незгодните/непристапни агли во домот.

Вградената рачка со далечински управувач го олеснува вклучувањето и исклучувањето на уредот, како и изборот на оптималната моќ на вшмукување. Овие контроли се наоѓаат на дофат на рачката, што ја олеснува контролата како и брзата промена на силата на вшмукување, без прекин во чистењето.

Сензорот за прашина кој лесно може да се прочита со самото светнување на црвеното светло, го информира корисникот дека правосмукалката има пронајдено место со прашина. Откога таа зона ќе биде потполно исчистена светнува зеленото светло што значи дека чистењето можете да го продолжите на друго место, со што се намалува вкупното времетраење на чистењето.

Кога чистењето е завршено, садот за смет кој лесно се отстранува, едноставно се празни во кеса за смет, без можност прашината да се истури врз подот.

Спецификации

 

Моќност

Сензор

Pet(FR) - функција за домашни миленици

Шифра на модел

VC20F70HNAR

VC20F70HNBN

VC20F70HUDC

Потрошувачка на    струја

2000W

2000W

2000W

Моќ на вшмукување

360W

360W

360W

Вид на циклон

CycloneForce multi

CycloneForce multi

CycloneForce multi

Вид на тркала

Motion Sync Design

Motion Sync Design

Motion Sync Design

Капацитет

2L

2L

2L

Ниво на бучава

79dBA(максимално)

74dBA(тивок режим на работа)

79dBA(максимално)

74dBA(тивок режим на работа)

79dBA(максимално)

74dBA(тивок режим на работа)

Контрола

Нова RF рачка

Нова RF рачка

Нова RF рачка

Филтер пред мотор

Сунѓерест + микро

Сунѓерест + микро

Сунѓерест + микро

Издувен филтер

Антиалергиски филтер

HEPA H13

Антиалергиски филтер

HEPA H13

Антиалергиски филтер

HEPA H13

Главна четка

NB810

NB810

NB810

Додатна четка/додатоци

Мастер/главна четка за паркет

Вградена четка

Сензор за прашина

Мастер/главна четка за паркет

Вградена четка

Power Pet(TB500)

Мастер/главна четка за паркет

Вградена четка

Цевка

Алуминиум телескопска

Алуминиум телескопска

Алуминиум телескопска

Црево

Ново безжично

Ново безжично

Ново безжично

Облога

Светкава

Светкава

Светкава

Кабел

9m

9m

9m

Боја

Енергично црвена

Урбано зелена

Титаниум сребрена

Кутија за складирање

Во боја

Во боја

Во боја



*Забелешка: Сите информации се базирани на фабричките спецификации. Спецификациите за дизајнот и бојата на производот се подложни на промени без претходни објаснувања и најава и можат да се разликуваат од оние кои се прикажани на сликата. Достапност на сервисот/услугите по гаранцијата и времетраењето на нивниот одговор може да се разликуваат од земја до земја, исто така може да има потреба од регистрација во земјата во која производот е купен.  
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations