Случајност: Семејство од Флорида нашло ковчег со богатство од 18-ти век
Прегледано: 1929 | Oбјавено на: 05.09.2013
Семејството Шмит од Флорида во остатоците на шпанскиот брод нашло вистински ковчег со богатство во кој се наоѓал накит и златници вредни 350 илјади американски долари.

Семејството Шмит се љубители на морските длабочини, па многу често одат заедно на нуркање. Овој пат на морското дно ги пречекало вистинско изненадување.

Семејството заедно со својот пријател Деил Зик во длабочина од 20 метри извлекла богатство од 18-от век, меѓу кои златен накит и златници од Перу чија вредност се проценува помеѓу 300 и 350 илјади американски долари.
"Беше многу возбудливо и емотивно, замалку ќе заплачев кога го најдовме златото."  - рече Ерик Шмит.
Брент Брисбен, еден од основачите на компанијата „Kvins” кој има владение на областа во која ова богатство беше пронајдено, смета дека ова е неверојатно откритие, но сепак семејството Шмит ќе мораат дел од богатството да го поделат со нив.

Се верува дека златото е изгубено кога шпанската флота доживеала бродолом во 1715 година. Во несреќата животоt го загубиле стотина луѓе, а поради големата количина на злато кое е изгубено во овој дел, овој појас се нарекува „област на богатството“.
Историчарите сметаат дека морското дно во таа област крие богатство вредно неколку милијарди долари.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations