Едноставен тест за здравјето на срцето
Прегледано: 21124 | Oбјавено на: 04.09.2013
Едноставното тестирање кое можете да го направите во вашиот дом може да ви помогне да го процените ризикот од срцевите заболувања. Ако почуствувате нешто вознемирувачко, упатете се кај вашиот доктор и следете ги неговите упатства.

Еве како на многу едноставен начин да го тестирате здравјето на вашето срце.

Обем на струк

Големиот стомак е темпирана бомба. Жените чиј струк е поголем од 88 сантиметри имаат 79% поголем ризик за сите болести, меѓу кои се и срцевите заболувања. Мажите можат да си дозволат 5см поголем струк од жените.

Срцеви отчукувања во состојба на мирување (РХР)

Вашиот РХР е добар показател на состојбата на срцето. Понизок РХР е подобро за вашиот организам. Наутро пред да станете од креветот, со показалецот најдете го пулсот на рачниот зглоб. Избројте ги отчукувањата во период од 10 секунди, и помножете го тој број со шест, а доколку имате електронски мерач на пулсот можете да се послужите и со него.

Повеќе од 80 – не е во ред

60 - 80 -нормален

РХР под 60 или над 80 може да укажува на дехидрација или медицински проблем со штитната жлезда. Исклучок се врвните спортисти кои во фаза на мирување имаат пулс од 40-50 отчукувања.

Срцеви отчукувања по напорно вежбање

"Колку вашето срце се враќа побрзо во нормален ритам после вежбањето толку е поздраво“, објаснува др. Чери Вигинс, доктор во медицинскиот центар Твин Фолс во Ајдахо. Доколку бројот на отчукувања не се намали за 12 во период од една минута по вежбањето, имате зголемен ризик за срцеви заболувања па дури и смрт.


 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations