Дијагностициран „синдром на хронично доцнење"
Прегледано: 1819 | Oбјавено на: 03.09.2013
Данбар одсекогаш доцнел на училиште и на сите фудбалски натпревари, дури и кога бил на годишен одмор.

Тој има изгубено неколку работни места токму поради тоа, а исто така доцнел и на сите состаноци со неговите девојки.

Неодамна, 57 годишниот Шкотланѓанец одлучил да оди во кино, и имајќи го на ум сопствeниот проблем почнал да се подготвува 11 часа порано, но повторно задоцнил 20 минути.

Конечно, тој решил да го праша својот доктор дали има одговор на неговиот проблем кој го мачи уште од раното детство. Одкако задоцнил половина час на состанокот со докторот, му биле направени безброј испитувања на кои се докажало дека Данбар има ментално пореметување кое реагира на иститот дел на мозокот во кој се наоѓа контролата на хиперактивноста, т.н. Синдом на хронично доцнење. Овој синдром, кој за жал е неизлечлив, го спречува Данбар да направи проценка колку долго трае некоја ситуација.


"Причината поради која излегов јавно да го кажам мојот проблем е дека некаде сигурно постојат луѓе со проблем како мојот, кои не се свесни дека тоа е всушност здравствен проблем". - изјави Данбар. 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations