Печени копанчиња во сос од лук
Прегледано: 10399 | Oбјавено на: 23.08.2013
Време за подготовка: 15 мин.
Време за готвење: 60 мин.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 лажица/ци Сол
малку Рузмарин
4 лажица/ци Презла
2 килограм/и Пилешки копани
100 грама Пармезан
малку Оригано
3 лажица/ци Маслиново масло
малку Магдонос
1 ливче/чиња Ловоров лист
1 Главица лук
2000 милилитри Вода
10 грама Буковец
80 милилитри Балсамико Оцет
малку Црвен пипер
2 мала лажица Црн пипер

КРАТОК ТЕКСТ:
Навидум изгледаат како поховани копанчиња и пржени во фритеза, меѓутоа не е така. Малку проварени, па печени во рерна, овие копанчиња се вистински избор за вашиот ручек или вечера со фамилијата или пријателите. Уживајте!

ПОДГОТОВКА:
Во тенџере со ладна вода ставаме сол, балсамиран оцет, ловоров лист, сушен магдонос, сушено оригано и сушен рузмарин. Доведете ја водата до вриење и кога ќе почне да врие ставете ги копаните. Ќе биде потребно уште 4-5 минути за водата да почне повторно да врие и кога ќе се случи тоа оставете ги копаните да се сварат 15 минути. Ова го правиме заради неколку причини, ќе им дадеме малку „залет“ во печењето и со самото варење ќе примат вкусови и ќе крцкаат повеќе откако ќе бидат испечени. 
Откако ќе се сварат 15 минути, извадете ги и оставете да се оладат, односно да се исушат колку што е можно повеќе.

Во меѓувреме може да го подготвите сосот.
Меѓувремено загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
Во аван ставете го лукот, ставете сол и полека истолчете ги додека не добиете убава кремаста смеса. Ставете го лукот во голем сад, додадете маслиново масло, малку црвен пипер, црн бибер, буковец и сето тоа убаво промешајте го. По потреба додадете уште малку маслиново масло. Ставете ги копанчињата во садот и наросете ги со неколку лажици презла. Сето тоа убаво промешајте го неколку пати и изрендајте малку пармезан. Промешајте и уште еднаш додадете малку пармезан.
Откако сето ова е готово, во тавче за печење ставете најдолу малку маслиново масло и распоредете ги копанчињата низ целата тава. Пред да ги ставите да се печат врз секое копанче ставете уште по малку пармезан за да се добие екстра крцкавост.
Ставете ги во рерната која што е предходно загреана и печете 25 минути. 
Уживајте!
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations