Паметните телефони го намалуваат видот
Прегледано: 2132 | Oбјавено на: 21.08.2013
“Како што се зголемува трендот на користење на паметни телефони, расте и бројот на луѓе кои имаат проблем со кратковидоста“ предупредува Дејвид Аламби, угледен очен хирург и основач на клиниката за очни болести „Фокус“.

Тој тврди дека гледањето во прилично помалите екрани подолг временски период неповолно делува на очите, потенцирајќи го фактот дека во наредната деценија преку 50% од луѓето ќе бидат кратковидни.

Паметните телефони не се единствен виновник, бидејќи луѓето се повеќе работат на компјутери и гледаат телевизија. Под најголем ризик од диоптрија се децата кои растат поминувајќи го слободното време пред екраните, потенцираат лекарите.

Новите истражувања покажуваат дека повеќето корисници на мобилни телефони ги држат споменатите на растојание од 30 см од лицето, додека пак некои ги држат и многу поблиску. Колку за пример книгите и весниците се држат на растојание на 40см.
“Токму тоа намалување на близината ја носи кратковидоста. Според тоа, луѓето би требале да го редуцираат времето кое го поминуваат пред своите паметни телефони.“ потенцира Аламби.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations