Во тек се уписите на постдипломските студии на Институтот за животна средина и здравје
Прегледано: 1554 | Oбјавено на: 15.08.2013
Во рамки на Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во тек се уписите за магистерски студии за сите оние кои сакаат да го надоградат своето знаење во областите менаџмент во јавно здравство и менаџмент во животна средина.

Студиската програма за менаџмент во животна средина има за цел придонес кон еколошките трендови кои се развиваат во нашето општество, поттикнување на јавното мислење за решавање на еколошките проблеми, како и научна - истражувачката дејност.
Основна цел на студиската програма за менаџмент во јавно здравје е да го зголеми бројот на високообразовани кадри во државата кои треба да менаџираат со јавното здравство, како и да го зголеми образовното ниво и да го подобри овој ново воведен сегмент во здравствениот систем во Република Македонија.
Постојаната и отворена комуникација со академскиот кадар, им овозможува на студенти да го надоградат сопственото знаење, но и да се стекнат сеопфатни и ново искуство во менаџментот.

“Обуката на следната генерација на научници е еден од најголемите предизвици кој стои пред нас. Неопходни се истражувања во сферата на екологијата и животната средина, како и јавното здравје, кои потоа ќе овозможат да се развиваат иновативни идеи во менаџментот со тие области.”, изјави Директорот на Институтот за животна средина и здравје, Проф. Др. Муртезан Исмаили, додавајќи дека досегашната пракса покажала дека има потреба од воведување на постдипломски студии за менаџмент во областите за животна средина и здравство, што се јавува како резултат на долготрајните реформски процеси во сите сфери на нашето живеење и особено областите: животна средина и здравје.

Наставата на Институтот во согласност со студентите може да се одвива во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, како и во новите, современо опремени предавални на Универзитетот во Скопје (кај стоковна куќа Мост).
Стручниот, односно научниот назив со кој ќе се стекнат студентите - постдипломци по завршувањето на една од двете студиски програми е “Магистер по менаџмент на животна средина”, односно “Магистер по здравствен менаџмент и јавно здравство”.
Целта на Институтот е да обезбеди активности за организација и развој, научни истражувања и унапредување на партнерства за заштита и подобрување на животната средина и здравјето, на регионално и глобално ниво. Клучните активности на Институтот се едукација, истражување и изработка на различни проекти, предводени од внатрешниот академски кадар, голем број надворешни соработници, како и студенти кои работат на истите.
Определбите на Институтот се во согласност со Програмата за развој на образованието во Република Македонија и Стратегијата за развој на здравството, донесени од Министерството за образование и наука и Министерството за здравство на Република Македонија.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations