Алките, задолжен моден детал ова лето
Прегледано: 2668 | Oбјавено на: 11.07.2013
 Накитот најмногу доаѓа до израз во комбинација со лесната летна гардероба, па стилистите предлагаат да си поиграте со различни парчиња. Нанижаните нараквици оваа година повторно се апсолутен хит.





Доколку сакате вашиот изглед да го направите уште повпечатлив, стилистите предлагаат да се носат нараквиците во низа, без оглед на тоа дали се метални, дрвени или пластични.

За работен изглед доволно е да изберете две до три нараквици, со еднобојна облека одлучете се за масивни модели во низа, а за навечер поголеми нараквици украсени со полудраги камења, кристали или циркони.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations