Најздрави за стопалата се сандалите со плута
Прегледано: 3545 | Oбјавено на: 05.07.2013
 Речиси секоја модерна летна обувка не е многу практична, а не е ниту препорачлива. ”Идеалната обувка би требало да служи како амортизер, особено во лето кога повеќе се движиме”, објаснува д-р Бранко Сбутег, ортопед во Институтот за ортопедски болести во Бањица.

Патики – Она за што голем број на луѓе не размислуваат, а исклучително важно е дека патиките треба да се избегнуваат. „Поради зголемените температури во текот на летните месеци се создаваат пликови и почесто се потиме. Патиките би требало да се користат исклучиво во спортот“, советува доктор Сбутег.

Апостолки – „Апостолките се опасни бидејќи обично се многу лизгави. Не се стабилни, не го држат стапалото фиксирано и често во одот не кореспондираат со стапалото. Поради тие причини често доаѓа до повреди бидејќи се случува да се скине ременчето, па ногата да излезе надвор“, истакнува докторот.

Балетанки – Целосно рамната обувка е многу лоша за стапалото. Рамната пета ја напрега Ахиловата тетива и се јавува болка во нозете. „Штиклата од четири сантиметри е најидеална за жените бидејќи сосема доволно ја поткрева петата од земјата“, советува д-р Сбутег.

Обувки со плута – Повеќе се движиме во текот на летото и ѓоновите треба да обезбедат што помалку замор на ногата. „Се препорачува плутата, вистинската плута, бидејќи е лесна и има својства на амортизер, еластична е и многу е удобна“, заклучува доктор Бранко Сбутег.

Римјанки – Популарните римјанки се далеку посигурни од апостолките. Важно е да изберете модел кој е направен од природни материјали бидејќи пластиката може да предизвика алергиска реакција. Носењето на апостолки подолго време го менува начинот на одење, што е многу лошо за колковите.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations