Нови постдипломски судии од Институтот за животна средина и здравје
Прегледано: 1315 | Oбјавено на: 02.07.2013
 Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, преку своите сектори: животна средина, едукација и енергетика, има за цел да обезбеди активности за организација и развој, научни истражувања и унапредување на партнерства за заштита и подобрување на животната средина и здравјето, на регионално и глобално ниво. Клучните активности на Институтот се едукација, истражување и изработка на различни проекти, предводени од внатрешниот академски кадар, голем број надворешни соработници, како и студенти кои работат на истите.

Во своето неколку повеќегодишно постоење, Институтот ги реализирал своите стратешки цели преку воспоставување на партнерства и соработка со национални, регионални и меѓународни институции за истражување и равој, како и преку следење на современите регулативи и стандради во ЕУ и пошироко во областа на животната средина и здравје. Истовремено Институтот континуирано објавува стручни и научни трудови во домашни, регинонални и меѓународни публикации.

Институтот за животна средина и здравје е дел од “FP7”  проектот (http://ec.europa.eu/research/fp7/index_en.cfm).  Во Јануари 2009 година започна “The Euro Urhis 2” проектот (http://www.urhis.eu/), каде што Институтот е партнер на истражувањата кои се однесуваат за територијата на Република Македонија. Проектот се состои од прибирање на податоци и анализи повзрзани со индикаторите за здравјето во урбаните средини, како и можностите за донесување одлуки за одредени промени во врска со истото. Уште еден од позначајаните проекти на Институтот за животна средина и здравје е темпус проектот “Joint Master Degree on plant medicine” (http://www.tempus.ac.rs/projects-tempus/view/670/70/), кој има за цел подобрување на соработката меѓу Балканските Универзитети за подготвување на нови Мастер програми за медицината на растенијата.

Во својот едукативен дел, Институтот за животна средина и здравје нуди две студиски програми (постдипломски студии): Менаџмент на животна средина и Менаџмент во јавното здравство.

Студиската програма за менаџмент во животна средина има за цел придонес кон еколошките трендови кои се развиваат во нашето општество, поттикнување на јавното мислење за решавање на еколошките проблеми, како и научна - истражувачката дејност.Основна цел на студиската програма за менаџмент во јавно здравје е да го зголеми бројот на високообразовани кадри во државата кои треба да менаџираат со јавното здравство, како и да го зголеми образовното ниво и да го подобри овој ново воведен сегмент во здравствениот систем во Република Македонија. 

Овие определби се во согласност со Програмата за развој на образованието во Република Македонија и Стратегијата за развој на здравството, донесени од Министерството за образование и наука и Министерството за здравство на Република Македонија.

Стручниот, односно научниот назив со кој се стекнуваат студентите - постдипломци по завршување на една од двете студиски програми е Магистер по менаџмент на животна средина, односно Магистер по здравствен менаџмент и јавно здравство.

“Обуката на следната генерација на научници е еден од најголемите предизвици кој стои пред нас”, изјави Директорот на Институтот за животна средина и здравје, Проф. Др. Муртезан Исмаили, додавајќи дека досегашната пракса покажала дека има потреба од воведување на постдипломски студии за менаџмент во областите за животна средина и здравство, што се јавува како резултат на долготрајните реформски процеси во сите сфери на нашето живеење и особено областите: животна средина и здравје.

 

За повеќе инфо посетете: http://ieh.seed.edu.mk или http://www.seeu.edu.mk/

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations