10 филмови кои мора да ги погледнете во 2013
Прегледано: 3793 | Oбјавено на: 05.04.2013
 Оваа година ќе биде преполна со продолженија на одлични филмови кои ги одбележаа изминативе години како Kick-Ass, The Hunger Games, Ѕвездени патеки, Iron Man, Хобитот, Hangover, а радува и фактот што повторно се активираа некои извонредни режисери. Така со нетрпение се очекува и новиот филм на Баз Лурман, Големиот Гетсби, потоа Гравитацијата на мексиканскиот генијалец со Алфонсо Куарон и Сандра Булок, Волкот од Вол Стрит на легендарниот Мартин Скорсезе, како и Советникот на Ридли Скот.
Следи листа на неколку филмови кои гарантираат квалитет, направена по случаен редослед.

1. The Great Gatsby
Режија: Baz Luhrmann
Сценарио: Baz Luhrmann, Craig Pearce
Улоги: Leonardo DiCaprio, Carey Mulligan, Joel Edgerton, Tobey Maguire
Лурман прави своја адаптација на едно од најзначајните дела на американската книжевност, Големиот Гетсби на Ф.С. Фицџералд.

2. The Monuments Men
Режија: George Clooney
Сценарио: George Clooney , Robert M. Edsel (roman)
Улоги: George Clooney, Cate Blanchett, Matt Damon
Филмска екранизација на бестселерот на Роберт М. Едсел во која се зборува за луѓе кои во текот на Втората светска војна се обидувале да ги спасат уметничките дела од нацистите.

3. Before Midnight
Режија: Richard Linklater
Сценарио: Richard Linklater, Julie Delpy
Улоги: Ethan Hawke, Julie Delpy, Seamus Davey-Fitzpatrick
Трето продолжение на приказната за Џеси и Селин кои се стреќаваат 9 години после нивната последна приказна, раскажана во филмот Пред Изгрејсонце, продолжение на Пред Зајдисонце. Од нивната прва средба поминале скоро 20 години, а сега се среќаваат во Грција.

4. The Couselor
Режија: Ridley Scott
Сценарио: Cormac McCarthy
Улоги: Brad Pitt, Goran Višnjić, Michael Fassbender
Филмот заборува за адвокатот кој ќе се најде среде проблеми со криумчарење дрога. Филмот е дело на легендарниот Ридли Скот, со фантастична актерска постава во која ги среќаваме Бред Пит, Пенелопе Круз, Мајкл Фасбиндер, Хавиер Бардем и други.

5. This Is the End
Режија: Evan Goldberg, Seth Rogen
Сценарио: Seth Rogen, Evan Goldberg
Улоги: Seth Rogen, Jay Baruchel, James Franco, Michael Cera
Овој филм гарантира многу смеење. Актерите си се глумат самите себе и се среќаваат на луда журка во куќата на Џејмс Франко, кога ќе разберат дека доаѓа крај на светот.

6. Gravity
Режија: Alfonso Cuarón
Сценарио: Alfonso Cuarón, Jonás Cuarón
Улоги: Sandra Bullock, George Clooney, Basher Savage
Приказна за астронаути кои се обидуваат да се вратат на земјата откако залутана комета се забила во нивниот вселенски брод и тие се оставени да плутаат сами во вселената..

7. The Wolf of Wall Street
Режија: Martin Scorsese
Сценарио: Jordan Belfort (roman), Terence Winter
Улоги: Leonardo DiCaprio, Jonah Hill, Matthew McConaughey
Враќање на Скорсезе со филмот кој зборува за кралот на берзата кои одбива да учествува во огромна превара со акции, спротиставувајќи му се на корпоративното банкарство и на мафијашите.

8. Side Effects

Режија: Steven Soderbergh
Сценарио: Scott Z. Burns
Улоги: Rooney Mara, Channing Tatum, Jude Law, Catherine Zeta-Jones
Филмот е за една млада жена чиј свет се менува откако нејзиниот психијатар ќе и препише лек кој дава неочекувани нус-појави.

9. Hobit: The Desolation of Smaug
Режија: Peter Jackson
Сценарио: Fran Walsh, Philippa Boyens
Улоги: Martin Freeman, Ian McKellen, Richard Armitage
Продолжение на Хобитот во кој ќе гледаме како Билбо и Гандалф ќе побегнат од Магловитата планина, го продолжуваат својот пат за да го земат златото од канџите на змејот Смауг.

10. The Hunger Games: Catching Fire
Режија: Francis Lawrence
Сценарио: Simon Beaufoy, Michael Arndt
Улоги: Jennifer Lawrence, Josh Hutcherson, Liam Hemsworth
Нов десерт за тинејџерите, продолжение на Играта на гладта во која Катнис и Пит се враќаат во гладијаторската арена.
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови







Facebook
Reccomendations