Кои хороскопски знаци најмногу изневеруваат?
Прегледано: 7721 | Oбјавено на: 06.03.2013
 Овен

Ако овенот се одлучи за неверство, тоа ќе биде поради недостаток на возбуда во врската. Овните се спортски типови кои се секогаш спремни за акција и доколку не можете да го следите нивното темпо, може да се случи да продолжат да прават некои нешта без вас. Тие исто така имаат изразено его кое бара многу внимание, па ви препорачуваме постојано да им давате физичка нежност и редовно да ги обновувате чувствата на заљубеност.

 

Бик

Бикот е многу лојален знак и ќе се одлучи за неверство само доколку мисли дека партнерот не им е доволно посветен. Тие исто така се многу сензуални, па е можно да ги одведете на погрешен пат, ако им ветите задоволство. Биковите ќе ги направите среќни ако им покажувате колку ги сакате. Пригответе им го омиленото јадење, пишувајте им љубовни пораки, создавајте интимни моменти, за да знаат колку ви значат.

 

Близнаци

За да останат поврзани со партнерот, на немирните близнаци им е потребна интелектуална поддршка. Најлесно е ако ги наведете на разговор. Ако се случи да ве изневерат, веројатно станува збор за занесеност, а не за физичка привлечност. Кај близнаците се можни интернет-неверства кои бараат користење на фантазијата. Можете да ги задржите покрај себе со работи кои ќе ги тераат на размислување и со разговори за секс.

 

Рак

Нежните и чувствителни ракови скоро никогаш не изневеруваат. Една од најчестите причини за неверство е нивната мала самодоверба. Пречувствителните ракови кои не добиваат доволно љубов, ќе побараат нежност и потврда за сопствената вредност на некое друго место, па затоа е подобро своите ракови да ги уверите дека ги сакате и дека ви се навистина потребни.

 

Лав

Лавот е страсен знак кој тежнее кон театралност и возбуда. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и најдобри во сè, па не е ни чудно што лесно можете да ги задоволите со неколку трикови во кревет и пофалба за нивните љубовни вештини. Ако лавот сепак ве изневери, не треба да ве изненади ако се работи за некоја помлада личност. Лавовите ги привлекува енергијата на младите, бидејќи стареењето им е слаба точка.

 

Девица

Девиците се сериозни личности и често можат да бидат премногу критични дури и кон себе, но како земјени знаци се многу верни. Тие можат да станат незадоволни во врската ако ги критикувате, или ако имаат чувство дека не им давате доволно. Ако сакате да спречите девицата да ве изневери, треба да ја прифатите таква каква што е.

 

Вага

Овој романтичен знак по својата природа е многу урамнотежен и неверството не е голема опасност, но вагите се дружељубиви и сакаат флерт, па е можно себеси да се доведат во непријатна ситуација. Ако сте во состојба со својата вага да развиете добро пријателство, тоа ќе ја зајакне вашата романтична врска. Добрата забава и многу нежност е тоа што ќе ја направи вагата среќна, но и верна.

 

Скорпија

Скорпиите се страсни знаци што често погрешно се толкува како неверство, а тоа пак, секако е неправедно. Овој знак е интензивен и преполн со тајни. Скорпиите се неверојатно верни, но имаат страсна телесна природа и силна желба за возбуда. Најдоброто што можете да го направите е да ги прифатите нивните чудни барања и да се припремите за долго уживање во кревет.

 

Стрелец

Страсните стрелци се желни за акција и авантура, па дури и во спалната соба. Секогаш се во движење и во потрага по нови искуства. Треба да внимавате да не флертува премногу, бидејќи тоа може да му донесе само неволји. Уживајте во енергијата на својот стрелец и дајте му онолку слобода колку што можете.

 

Јарец

Смирени и студени, јарците се верни партнери. Дисциплината и контролата се особини кои го спречуваат да биде неверен. Од своите партнери бараат почит и обожување, па недостатокот на овие две работи може да го натера јарецот да заталка. Сепак се работи за чесни знаци, бидејќи тој побргу ќе ве остави отколку што ќе ве изневери.

 

Водолија

Водолиите не се најромантичниот знак, но имаат потреба да им бидат важни на своите партнери. Често се премногу занесени со своите идеи и откритија, па не забележуваат дека го занемаруваат својот партнер. Поради својата заборавлива природа и живеењето во сопствениот свет, водолиите почесто ќе бидат жртви на измама, отколку што ќе бидат самите неверни. Бидејќи станува збор за еден од најнепредвидливите знаци, најдобар совет е и вие да бидете подеднакво непредвидливи.

 

Риби

Рибите имаат бујна фантазија, па најчесто имаат и романтична идеја за вечна љубов што им ја носи судбината. Токму поради нивната бујна фантазија и страсната желба за магија во љубовта, рибите честопати можат да станат незадоволни кога врската ќе им дојде во стабилна и смирена фаза. Ако одвреме навреме ги обновите магичните љубовни моменти, вашата риба ќе биде сигурна дека вие сте навистина она што судбината им го одредила.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови



 
Facebook
Reccomendations