2.000 корисници и 70 компании за една недела се дел од Challenger Дома
Прегледано: 965 | Oбјавено на: 07.05.2020
 

Точно пред една недела преку iOS или Android, 2.000 македонски корисници ја симнале #ChallengerДома, а 70 компании се директно вклучени, велат тимот на Challenger. Тоа за нив значи дека граѓаните и компаниите се свесни за потребата на апликацијата во земјава.


„Искрено, благодарност до граѓаните, компааниите и Фондот за Иновации и Технолошки развој што веруваат во нашата идеја #ChallengerДома. Ние се чувствуваме корисни за сите вас и сакаме што повеќе да ја симнете апликацијата. Компаниите, како малите, така и големите, од секој град во Македонија ве покануваме да се вклучите за да ја победиме пандемијата“ вели Олга Рајчиќ од Challenger.






Challenger Дома користи гео-локација на мобилниот телефон, за да верифицира на секои 30 минути дали навистина сте останале дома. За секој час што ќе го поминете дома ќе добиете таканаречени Дома поени што можете да ги размените за купони за попуст во локални македонски бизниси. До сега се веќе превземени преку 150 купони за попуст.


„Колективната свест е повеќе од секој полициски час. Со меѓусебна поддршка и мотивација за дисциплина, заеднички ќе помогнеме во побрзо и побезбедно справување со кризата. Одличен начин за потсетувањето дека херои ќе бидеме со самото седење дома а истовремено ќе се подновиме со работи на попуст. Локализирај ги своите потреби и поддржи ги домашните бизниси“ додаваат од ГРИН ИТ ДОО, креаторот на  #ChallengerДома.


Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations