Рептил Ве повикува – погледнете ја нашата понуда, ќе ја смените навиката каде пазарите
Прегледано: 1087 | Oбјавено на: 10.02.2020

Рептил од секогаш се карактеризирал со богата и разновидна понуда што ги привлекува потрошувачи. Тие се нашите маалски маркети коишто со силно конкурентната услуга се фаќаат во костец со најголемите супермаркети во градот. Постојано иновативни во пристапот кон потрошувачите, Рептил нуди и онлајн продавница со испорака на производите до домот на потрошувачот.

„Да ги препознаете потребите на потрошувачите и да ги примените, да се придржувате кон она што тие го очекуваат од вас не е едноставна задача. Особено кога сакате да стекнете конкурентска предност во однос на останатите маркети, а трендовите покажуваат дека најголемо влијание врз потрошувачите има квалитетот на услугата, но она што е вистински предизвик е точно да го анализирате однесувањето на клиентите, нивните постапки и карактери. Што не е лесно зашто мора да ги потсетите дека кај нас го има најдобриот избор, додека истовремено и останатите маркети го прават истото. Но, затоа и задоволството е поголемо кога ќе забележите дека и потрошувачите ја препознаваат таа посветеност“, објаснува менаџерскиот тим од Рептил Маркети.

Потрошувачите вообичаено стекнуваат и навики како да пазарат. Некои од нив ги следат акциите во маркетите, додека други едноставно се привикнуваат на одредени маркети и вообичаено таму пазарат. Се запознаваат со персоналот во маркетот, градат врска која им гарантира искрена препорака за свежи продукти, помош кога производот им е надвор од дофатот или едноставно совет како да се одлучат кој производ повеќе им одговара. Ова ја отежнува работата на персоналот, но ја обезбедува токму онаа супериорна нишка која ја среќавате во услугата во Рептил маркетите.

Денес потрошувачите, особено помладите преферираат маркетите да понудат готови оброци за дома. Тие имаат тенденција да купуваат само кога готват, во една посета да купат се што им е потребно за оброкот, наместо да прават едно седмично патување во голем супермаркет и производите да ги складираат во оставата.

Особено интересни се маркетинг стратегиите како да се промени навиката на потрошувачот и да го посети Рептил маркетот. Покрај високо квалитетната услуга, разновидната и богата понуда, услужлив и пријателски расположен персонал, во Рептил потрошувачите ги привлекува и препораката од соседот. За менаџерскиот тим од Рептил Маркети, споделеното позитивното искуство е можеби најдобрата реклама за секој бизнис, на која може да се потпрат и тие. Соседите меѓусебно разменуваат искуства, но и препорачуваат производи кои се по попристапни цени.

Посебно интересен предизвик за менаџментот на Рептил се оние кои се навикнати да пазарат во големите супермаркети. Но, ако само еднаш излезат од зоната на комфорот и ги посетат  маркетите на Рептил, ќе продолжат да се враќаат.

Во Рептил може да ги купат сите производи потребни за едно семејство во текот на една недела. А при тоа, и ако заборават нешто, маркетот е тука - зад аголот со персонал подготвен да услужи. На враќање од работа, може да купат и готов оброк, свежо подготвен во кујната на маркетите, како и свежи зеленчуци и салати.  Но, затоа и постојат навиките - за да се менуваат. А, на рафтовите во Рептил маркетите ги чекаат одлична понуда по прифатливи цени и висококвалитетна услуга.

Сменете ги навиките и проверете ја нашата понуда, ние сме подготвени да Ве услужиме и веруваме дека ќе продолжите да пазарите кај нас, порачуваат од Рептил Маркети.















Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations