Тимот е клучот за успех на една фирма
Прегледано: 1467 | Oбјавено на: 20.06.2019
  • Тимот е клучот за успех на една фирма

     Скоро на секое работно место постојат пишани и непишани правила, постапки и други норми за работа, што се применлви скоро во секоја организација. Истите се лесно достапнина интернет и применл...
 1.Долги години сте на позицијата Управител. Како Ваш личен бизнис профил, како би се дефинирале самите, како директор, пријател или нешто друго?

Единствена разлика помеѓу мојот бизнис профил и личен профил е работното време. Сè друго е скоро исто. Во делот на меѓусебните односи помеѓу мене и колегите, во работно време сум управител, вон работно време пријател.

Скоро на секое работно место постојат пишани и непишани правила, постапки и други норми за работа, што се применлви скоро во секоја организација. Истите се лесно достапнина интернет и применливи од секој управител кој сака да ги научи и примени. Разликата во начинот на управување е односот во рамките на хиерархијата и системот на вредности застапуван и негуван од страна на управителот и раководството. Вредност која јас најмногу ја негувам е искреност со колегите и стрпливост во менаџирањето. За сè има време. Достапен сум за нив во секое време. Во работно време директор, вон работно пријател. Афтер-ворк дружењата помагаат исто така, без разлика дали со вработените ќе изиграме еден фудбал или ќе испиеме по една пијачка, макар еднаш во две недели.



2. Што е она што најмногу ве исполнува во Вашето работење?

Резултатите.

Верувам дека секое одговорно лице во рамките на една Организација, на крајот на денот, го вреднува сопственото работење врз основа на резултатите. Соодносот на зацртаните и остварени цели е показател кој секој управител треба да го има во предвид во секое време.

Препорака од мене до Вашите читатели, секоја вечер кога го планирате утрешниот ден, бидете реални во проценката на Вашите можности и другите околности од кои зависи успешноста на утрешниот ден. Да не се доведете во ситуација да си зададете повеќе обврски од онолку колку објективно можете да завршите, па на крајот на денот да стекнете чувство дека немате капацитет за успех. Многу е важно резултатот на денот да биде позитивен, за наредниот ден да го започнете со повеќе елан за следните успеси.



3. Дали луксузот е материјализација на успехот и што според тебе е успехот, личен и професионален?

За мене луксузот не е материјализација на успехот.

Мојата формула за успех е „успех на личен план, не нарушувајќи го професионалниот“. Резултатите се тие кои го детеминираат мојот успех. Успех на личен план за мене е почит кон своето потесно семејство, фамилија, околината. Успех е оформување на семејство, почит кон сопругата, грижа за потомството и пренесување на искуството. Успех е задоволство од самиот себе. Секое утро кога успешен човек ќе се разбуди, со мерак да тргне на работа J .



4. Што најмногу ви помага во успехот, што би издвоиле како најбитен предуслов за да се биде успешен?

За да бидам успешен ми помага стрпливоста, резултатите, поддршката од семејството, градењето на одговорни личности од моите деца. Многу ми е мило што и мојот тим на работа е дел од мојот успех и секој управител треба да знае да го пофали својот тим и да му оддаде признание за заедничкиот успех. Тимскиот успех е клучот за успешна фирма!



5. Покрај професијата, дали имате и друг начин на реализација? (хоби, пасија)

Планинарење, секогаш кога за тоа имам можност. Не секој викенд е слободен, но кога и да имам можност, се обидувам да ја искористам приликата за искачување на некое планинско место.

Викенди со фамилијатаисто така, како посета на верски светилишта низ нашата прекрасна Македонија, но и во околните држави. Хоби ми е и нашата домашна миленичка Луна, еден ведар разигран малтезер, со која обврските за прошетка, заедно со децата, ми се и задоволство и рекреација.




ДВИЖЕЊЕ…БЕЗБЕДНОСТ…ТРАДИЦИЈА…

СОЈУЗ НА ВОЗАЧИ НА МАКЕДОНИЈА

www.sv.mk

Since 1956
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations