Од кога датира Вашата приказна и што е вредно да се спомене до овој момент?
Приказната на Сојузот на возачите започнува во 1956 година, кога во рамките на СФРЈ во Македонија се формира оваа Организација. Интересно да се спомене е називот на Организацијата кој во моментот на основањето бил „Сојуз на возачи и автомеханичари на Македонија“. Основната цел, уште од основањето, била унапредување на безбедноста во сообраќајот и сообраќајната култура преку контрола на техничката исправност на возилата и едукација на учесниците во сообраќајот. Основно мото уште од почетокот на постоењето на Сојузот е Движење... Безбедност... Традиција... и истото јасно ја означува целта на постоењето на Организацијата до денешен ден.
Вкупен број на автомобили во Република Македонија по години од минатиот век бил следниот:
1905 1
1914 5
1924 30
1940 200
1946 207
1950 320
1958 1065
1963 4179
1975 100032
1980 165881
1984 235311
1990 217431
1995 285907
2000 299588
За нас и нашите Станици за технички преглед оваа богата традиција ни претставува обврска и сакаме да го задржиме овој 63 годишен континуитет. Се разбира, денес живееме во едно ново и многу подинамично време, со многу посовремени возила и патишта, но и со зголемен сообраќај кој има и свои ризици. Затоа и денес се држиме до тоа постаро, но битно правило, дека исправното возило и совесниот возач се основниот предуслов за безбеден сообраќај.
Како занимлив статистички податок ќе го споменам и бројот на возачи по години од минатиот век:
1946 50
1956 1200
1966 9000
1976 56000
1986 120000
1996 622015
2000 693750
ДВИЖЕЊЕ... БЕЗБЕДНОСТ... ТРАДИЦИЈА...
2. Кои се најчестите предизвици со кои се соочувате во работењето?
Трката со технологијата и обуката на нашиот персонал ни се постојани предизвици и најмногу инвестираме во тој дел. Денешното модерно време ни налага постојано да сме во тек со понудата на современа опрема за Станиците за технички преглед, како и постојаните законски побарувања кои континуирано се прилагодуваат на новите безбедносно, технолошки и еколошки услови. Дотолку повеќе ова прилагодување мора до го исполниме за да можеме да имаме услуга која одговара на барањата на клиентите кои техничката исправност на своите возила ја проверуваат во нашите Станици за технички преглед. Темелната проверка на исправноста на возилото за нас е услов број еден.
ДВИЖЕЊЕ... БЕЗБЕДНОСТ... ТРАДИЦИЈА...
3. Што Ве прави поразлични од конкуренцијата?
Ова е прашање на кое не може да се одговори едноставно и би навел неколку точки кои покрај нашата долга традиција на делување во оваа област, нас нѐ диференцираат од конкуренцијата.
Континуирано следење и задоволување на потребите на нашите клиенти, а воедно не нарушувајќи го комплексниот систем на задоволување на законските барања, финансиските текови, контролата на трошоците, квалитетот на услугата, движењето на технологијата и барањата на вработените т.е. моите колеги. Сето тоа доведува до помалку гужва и повеќе време за посветување кон ценетите клиенти т.е. добиваат повеќе вредност за своите пари.
Личен контакт со нашите клиенти, локален пристап и познавање на нивните специфични потреби. Изработка и активирање на сезонски акции со големи поволности за нашите клиенти, и сѐ по однапред испитување на нивните потреби.
Последно но не и помалку важно, почит кон нашата конкуренција, личен контакт, соработка во полињата на заеднички интерес т.е. законските побарувања и споделување на искуство од заедничката област на делување.
ДВИЖЕЊЕ... БЕЗБЕДНОСТ... ТРАДИЦИЈА...
4. Што е она што сакате да им го препорачате на вашите клиенти?
На нашите клиенти им благодарам за нивната доверба во нашата Организација и Станиците за технички преглед и верувам дека во нас гледаат сериозен партнер кој професионално ги сервисира нивните потреби. На Вашите ценети читатели најпрво би им предложил во ова време на висока технолошка напреднатост да ги искористат алатките кои им стојат на располагање во свој интерес. Пребарајте нѐ онлајн, проверете што нашите клиенти лично и непристрасно имаат да кажат за нас. На располагање Ви стојат пребарувачи и социјални мрежи, но и многу други начини како повеќе би нѐ запознале, а ние би имале шанса да ја добиеме Вашата доверба. Посетете ја нашата веб страна www.sv.mk за да се запознаете со нашите услуги https://sv.mk/#uslugi, локации https://sv.mk/#kontakt и актуелни промоции https://sv.mk/#promocii. Дајте ни шанса да се докажеме. Имате можност да го доверите вашето возило на Организација која нуди традиција, искуство, сериозност, брзина и квалитет. Стоиме зад секоја дадена услуга и се стремиме лично и непосредно да ги разрешиме сите забелешки кои евентуално би произлегле од нашата меѓусебна соработка. Посетете нѐ и уверете се.
Ве очекуваме.
5. Кои се Вашите очекувања во иднина?
Нашата ВИЗИЈА е нашето очекување во иднина. Се стремиме да бидеме уникатен и водечки модел на квалитетна услуга за корисниците на моторни возила.
И тука нема да застанеме. Секое постигнување има простор за надоградување и усовршување, со што ќе се трудиме континуирано да ги подобруваме нашите услуги за нашите ценети клиенти, како во делот на нивните специфични побарувања, така и во делот на незапирливите технолошки промени.
ДВИЖЕЊЕ… БЕЗБЕДНОСТ… ТРАДИЦИЈА…
СОЈУЗ НА ВОЗАЧИ НА МАКЕДОНИЈА
www.sv.mk
Since 1956