Истражување за QUDAL - QUality meDAL 2016/2017 во Македонија
Прегледано: 6194 | Oбјавено на: 04.05.2016
Цирих, Скопје, април 2016 – Неверојатен процент од 80,3% од испитаните македонски граѓани се
изјаснија дека претпочитаат да купуваат производ или да користат услуга кои го добиле
престижниот медал за врвен квалитет QUDAL – QUality meDAL.

Овој резултат произлегува од најновото истражување на пазарот за медалот за квалитет QUDAL
– QUality meDAL спроведено на примерок од 1.200 граѓани од Македонија во март 2016 година,
од страна на меѓународната компанија ICERTIAS – International Certification Association GmbH
од Цирих, Швајцарија.

Во серијата категории кои беа истражувани за медалот за квалитет QUDAL – QUality meDAL,
преку кое се опфатени различни индустриски сектори, на граѓаните во Македонија меѓу другите
прашања им беше поставено и следното: “Дали повеќе би купувале производи и услуги кои го
носат медалот за квалитет QUDAL - QUality meDAL, кој се доделува на производи и услуги со
највисок квалитет на пазарот врз основа на мислењето, искуството и оценувањето на
купувачите и корисниците на тие производи и услуги?“

Најголемиот дел од испитаниците, 80,3% одговориле позитивно на прашањето, преферирајќи
производи и услуги кои го носат златниот медал за квалитет QUDAL - QUality meDAL.
Македонците сметаат дека Алкалоид, Рено, Адел и Ѓоковиќ се модел за квалитет во 2016.
Кога парите не би биле препрека и квалитетот би бил единствениот одлучувачки фактор при
купување, поголемиот дел од македонските граѓани би возеле Рено (Renault), би присуствувале
на концерт на Колдплеј (Coldplay) и би купувале билети за натпревар на Ф.К. Вардар.
Компанијата Алкалоид прогласена за симбол за квалитет на највисоко ниво.
Алкалоид е избрана од Македонските граѓани како компанија која е најдобриот македонски
пример и симбол за највисокото ниво на квалитет што се однесува на производи и услуги во
македонските маркети.

Симбол за квалитет во спорт: Новак Ѓоковиќ.
Во категоријата спортски клубови со најдобар квалитет во светот (без разлика на спортот),
фудбалските клубови се во центарот на вниманието. Во овој временски период, првото место го
завзема ФК Барселона.
Во категоријата спортски клубови со најдобар квалитет во Македонија (без разлика на
спортот), Македонците, според резултатите од QUDAL – QUality meDAL истражувањето на
пазарот во 2016-та, гласале за домашниот клуб Вардар.
Во категоријата најквалитетен/ најквалитетна спортист/спортистка на светот, оваа година
жителите на Македонија го изгласаа тенискиот играч Новак Ѓоковиќ, додека во истражувањата
спроведени во минатото, Лајонел Меси водел во оваа категорија.
Симболи за квалитет во музиката: Адел (Adele), Колдплеј (Coldplay) и Леб и Сол.

Во рамки на културата, во истражување на категоријата за Најквалитетен музички изведувач во
Македонија, во истражувањето “QUDAL – QUality meDAL Македонија 2016/2017“, домашната
музичка артистка Калиопи била на првото место.
Кога станува збор за музичките бендови, во категоријата Најквалитетни музички бендови во
светот, најновото истражување покажа дека Македонците ги преферираат Колдплеј (Coldplay),
додека во категоријата најбодар музички изведувач во светот/ соло артист, Адел (Adele) го
зазема првото место.
QUDAL – QUality meDAL
© ICERTIAS ‐ International Certification Association GmbH
Во категоријата Најдобар музички бенд во Македонија, најголем број на гласови од страната на
жителите на Македонија имаат домашната рок група Леб и Сол.
Македонските граѓани го одбраа брендот Леново (Lenovo) како најквалитетен лап-топ
бренд

Дормео (Dormeo) се докажа дека е компанијата која е омилена во категоријата: душеци, одбрана
од страна на жителите на Македонија во спроведеното истражување на пазарот оваа година.
Нивеа (Nivea), исто така, го завзема првото место во различни категории за најдобар квалитет
во “QUDAL - QUality meDAL Македонија 2016/2017“ истражувањето, оставајќи силен впечаток
во резултатите од овогодинешното истражување.
Во рамки на “QUDAL – QUality meDAL“ истражувањето, на листата на брендови кои се
прогласени за најквалитетни во различни категории се најдоа: Цермат (Cermat) во категоријата:
сладолед; Краш (Kraš) во категоријата: колачиња; Европа (Evropa) во категоријата: бонбони;
Триглав (Triglav) во категоријата: осигурителна компанија; Стопанска Банка (Stopanska
banka) во категоријата: банка; Палома (Paloma) во категоријата: тоалетна хартија; Јупол
(Jupol) во категоријата: внатрешни бои за ѕидови; Нептун (Neptun) во категоријата:
малопродажба на апарати за домаќинство; Колгејт (Colgate) во категоријата: паста за заби,
како и многу други.

Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations