Виена, Париз, Милано и Венеција дел од спотот на Дон и Андреј (ДНК)
Прегледано: 3262 | Oбјавено на: 12.12.2013
Европските метрополи Виена, Париз, Милано, Венеција и нивните најзначајни знаменитости - Виенската Опера, Ајфеловата кула, Миланското Дуомо и плоштадот Св.Марко, се само дел од локациите на кои бизнисменот и рапер Дон и Андреј од ДНК го снимаа видео записот за нивната заедничка песна насловена "Животот е круг".

Моќна порака е содржана во текстот на нумерата кој го напиша самиот Дон, а музиката и аранжманот како и комплетната продукција се на еден од нашите најдобри композитори Лазар Цветкоски.
- Среќен сум што конечно имам заедничка песна со еден од моите најдобри другари од естрадата, Андреј од ДНК. Успеавме во неколку дена да ги посетиме европските метрополи и од таму со снимки кои ќе ги спакуваме во несекојдневно видео да ја доловиме приказната на песната. Со нетрпение очекувам финалниот производ да и го презентираме на јавноста - изјавува Дон.

- Верувам во енергијата и пораката што ја носи рефренот на песната со Дон. Искрено се надевам дека ќе допреме до публиката и ќе ја поттикнеме да се бори за она што го сака во животот– изјавува Андреј.

Видеото го работи 2С продукција, а песната заедно со спотот ќе биде промовирана за десетина дена.
 
Оставете го вашето релаксирано мислење:


Најчитани
Најнови





Facebook
Reccomendations